Новиот производ на Бимилк, Баланс+ крем јогуртот, може да се најде во три нови вкусови: Шумско овошје, Ванила Мадагаскар и Натур, и претставува вистински сојузник и избор за луѓето со активно и динамично секојдневие.
Неверојатната кремаста и фина структура, како и одличниот вкус овозможуваат Баланс+ крем јогуртот да биде дел од омилените, здрави и хранливи оброци или, пак, да се консумира како самостоен оброк или како лесна ужина.
Подготвени со најквалитетните млечни суровини, дополнително збогатени со 2 пробиотски култури, новите вкусови Шумско овошје и Ванила Мадагаскар имаат низок процент на млечна маст од само 1,3% и 7,5 гр. протеини, додека, пак, Баланс+ крем јогуртот Натур има 1,5% млечна маст и 9 гр. протеини, правејќи го совршено функционален и хранлив производ за активен метаболизам и за добро варење на храната.
Одговорот за постигнување на совршениот баланс во денешниот динамичен начин на живот треба да го пронајдеме во нас самите. Поточно, во нашата умешност да ги избалансираме предизвиците во секојдневието, храната што ја консумираме, спортот што го практикуваме.
Да знаеме да го избереме вистинскиот баланс, за добробит на целиот организам. За среќа, Бимилк и Баланс+ се тука за да ни помогнат полесно да ја пронаоѓаме енергијата секој ден!
(комерцијален текст)