
Руската нафтена компанија ЛУКОИЛ веќе 12 години е присутна на македонскиот пазар и од неодамна ја објави веста дека во Македонија пристигна нивните нови брендирани бензини Екто, со уште подобар квалитет и загарантирана безбедност и економичност при нивната употреба.
Новите иновативни бензини Екто Спорт и Екто плус ја подобруваат моќноста на моторот, а истовремено овозможуваат заштита на животната средина, содржат помалку бензол и сулфур, имаат подобрени еколошки својства што придонесува за помало исфрлање на канцерогени супстанции, соединенија на сулфур и други тврди честички резултат на нецелосно согорување на горивото
Во споредба со другите автомобилски бензини кои се продаваат во Република Македонија, содржат помалку бензол и сулфур, имаат подобрени еколошки својства.
Испитувањата покажуваат дека со редовно користење на новите бензини Екто, се добиваат следниве придобивки:
-моментален старт и зголемување на моќноста на моторот,како и намалување на потрошувачката на гориво
- Ја намалуваат бучавата и вибрациите, го штитат моторот од формирање на јаглеродниталози, со што се зголемува векот на работа на моторот.
Исто така за зимскиот период кога на вашиот автомобил му е потребно посебно внимание, Лукоил нуди зимскиот Екто Дизел кој овозможува непречена работа на моторот на температура и до -20 степени.
Само на бензинските станици на Лукоил Македонија, клиентите имаа можност да ги пробат новите иновативни бензини Екто Спорт и Екто плус создадени според најновите технологии и да се уверат во подобрените експлотациони карактеристики.
Денес Групацијата „ЛУКОИЛ„ во Република Македонија е претставена со друштвото-ќерка „ЛУКОИЛ Македонија„ ДООЕЛ Скопје, кое е дел од Балканска меѓурегионална група на компании. Во моментов компанијата работи со мрежа од 27 бензински станици и еден нафтен склад.
(комерцијален текст)