Со новата апликација МОЕТО ТАКСИ, повикувањето такси е полесно од било кога. Брзо и едноставно од својот смарт телефон патникот повикува такси возило, го следи додека не пристигне до бараното место, а во исто време може и директно да комуницира со такси возачот.
„На почетокот бев скептичен за новиов начин на повикивање такси, сè додека не видов колку е едноставна апликацијата. Сега со помош на апликацијата сум во директна комуникација со патникот и секогаш доаѓам на точната локација."- такси возач на Наше Такси.
"Си повикувам такси преку апликацијата, го следам неговото приближување и знам кога да се симнам пред зграда за да се качам во такси. Ако на возачот му е тешко да ме најде, лесно се разбираме преку директната комуникација."- Александар, патник на Наше Такси.
Донка Лазаревска од компанијата Наше Такси тврди дека со новата апликација значително се олесни комуникацијата со патникот. Бенефитот е видлив при секој повик, не се губи време, нема забуни околу местото за качување на патникот, а во исто време може да се оствари директна комуникација патник со возач, нешто кое до сега не било возможно.
Бидете и вие дел од патниците кои го уживате овој бенефит. Сè што треба да направите за да ја преземете апликацијата Моето Такси на вашиот андроид телефон, е да го скенирате овој QR код:
или да ја преземете од Google Play.
Дознајте повеќе за апликацијата: https://www.facebook.com/MoetoTaksi
Пријатно возење!