Во насока на подобрување на сервисот, услугите и продуктите наменети за деловните корисници, Македонски Телеком почна со понуда на првото апликациско решение од својата Cloud партнерска програма. Се работи за EPISTUM Cloud, решение што ја користи инфраструктурата на Македонски Телеком, а е наменето за едукативни установи и за компании кои организираат обуки и едукација за своите вработени.
EPISTUM Cloud e веб базирано решение за учење на далечина, коe овозможува сместување и администрација на едукативни и интерактивни курсеви, меѓусебна интеракција на студентите и тренерите.
Со EPISTUM Cloud корисниците можат да креираат достапни, квалитетни и унифицирани онлајн курсеви и тестови, да добиваат детални извештаи за развојот на слушателите и да имаат единствено место за чување на сите едукативни материјали, со пристап до нив во секое време и од секое место. Курсевите може да се изведуваат со користење на интерактивни вежби, тестирања, видео конференции, wiki опција и материјали за учење.
„Знаењето и информациите се богатство кое никогаш не губи вредност и единствената сигурност во нашите животи ја носи резервата на знаења, искуства и вештини. Верувајќи дека образованието е предуслов за напредок на секоја компанија или поединец, презадоволни сме што на нашите деловни корисници можеме да им го понудиме првото решение од нашата Cloud партнерска програма кое им овозможува да ги образуваат и едуцираат своите вработени, притоа намалувајќи ги трошоците за скапи обуки, тренинзи и патувања и премостувајќи ја далечината како пречка" - изјави Слободанка Јакимовска Јосифовиќ - Директор на сектор за развој на деловни и ИКТ услуги и решенија во Македонски Телеком.
За да ја користите EPISTUM Cloud услугата потребно е да се претплатите на EPISTUM Base којa обезбедува пристап до системот, пет кориснички лиценци и курсеви за администратор, корисник и методологија за правење на е-курсеви. Интерактивните обуки се креираат брзо и едноставно, за навремено и квалитетно доставување на информациите поврзани со новите процедури до клучните вработени.
Преку EPISTUM Cloud корисниците можат да водат целосна евиденција за развојот на секој вработен, со лесно прилагодување на тестовите за што подобри резултати, по време, обем и организациска структура. Нуди и опција за тестови за евалуација со детални извештаи за резултатите од секој вработен, за брзо и лесно да се процени дали вработениот има добри познавања од клучната област.
„Со EPISTUM Cloud не мора да бидете на истата локација за да одржите или да присуствувате на предавање. Ова веб решение нуди виртуелен аудио и видео простор за онлајн комуникација, како и платформа за поставување на интерактивни курсеви, тестирања, анкети преку која можете да споделувате знаења брзо и лесно. Ова е совршената алатка за воведување на ново-вработените во процесите на компанијата, кои брзо и ефикасно ќе се запознаат со работните обврски кои се очекува да ги исполнуваат" – изјави Сашо Јовановски – Генерален директор на iVote Скопје.
Во зависност од потребите, корисниците може да се претплатат на користење на дополнителни лиценци: EPISTUM Client и EPISTUM Edu.
За повеќе информации, јавете се на бесплатниот број 0800 10800
http://business.telekom.mk/mk/663/IKT_/E-edukacija_EPISTUM_Cloud_.html#…
(комерцијален текст)