„Интернет на нештата" ги менува индустриите

Платформа за оптимизација и зголемена ефикасност на бизнис процесите

Во денешната ера на зголемена конкурентност, носителите на бизнисот кои први ќе пристапат кон користење на нови технологии, ќе бидат во исклучителна предност пред другите. Затоа, најпрво треба да се постави прашањето: „Што да направам за да го развијам својот бизнис далеку пред конкуренцијата?

Научете како да имплементирате и да користите Интернет на нештата (Internet of Things,- IoT), затоа што во годините коишто следат IoT ќе има значително влијание врз бизнисот, а до 2020 ќе има и над 26 милијарди уреди кои се поврзани преку интернет! Овој резултат произлезе од истражувањето на „Гартнер", водечка агенција за истражување во областа на технологијата. Според истражувањето, тоа ќе се должи на зголемената побарувачка од бизнис секторот кој за да ја зајакне својата конкурентност, продуктивност и ефикасност, ќе бара решенија во делот на „Интернет на нештата".

Тоа ќе значи целосно поинакво секојдневие, нов начин на користење на домашните уреди, мобилните и јавните сервиси, споделување на информации, нов начин на организирање на слободното време, како и ново користење на медицината. Програмерите, развивачите ќе бидат консултанти и важни советници во компаниите, а сите ние ќе живееме во свет каде милијарда уреди се поврзани, зборуваат меѓу себе и учат, а единственото ограничување ќе биде нашата фантазија. Технологијата како никогаш досега ќе влијае на оптимизацијата и поголемата ефикасност на бизнис процесите.

„Интернет на нештата" како платформа којашто ги поврзува електронските уреди меѓусебно, но поврзува и уреди со производи кои не се електронски и ги оспособува за комуникација, ќе создаде сосема ново доживување кај потрошувачите, а воедно ќе ги измени нивните потреби. Уредите ќе функционираат преку неконвенционален метод за внесување на информации како што се податоци од сензори и GPS, говорни команди, насока на погледот и гестови на телото. Во исто време поврзаните уреди ќе презентираат информации на неконвенционален начин како виртуелна реалност, вибрација при допир, аудио и правење на промени во средината. На пример: македонска винарија со помош на SmartWine апликација за интелигентен мониторинг на лозови насади, која базира на cloud сензорска мрежа што се поставува на насадите брзо добива информации за состојбата, и веднаш реагира и ги презема потребните мерки. А за ова е доволна само добра интернет конекција, сервер на Cloud и некој кој ќе ги анализира добиените податоци. Денес, ваквите и слични примери се реалност.

Такво е решението на Македонски Телеком, Fleet Management. Интегрирано, лесно прилагодливо решение за лоцирање, следење, управување и контрола на вознIoT парк. Сите возила се опремени со вградени GPS уреди коишто ги следат позицијата и параметрите на возилото (пр: брзината, километражата, горивото, итн.) и праќаат податоци до Fleet Management серверот кој врши анализа на добиените податоци и овозможува нивен приказ на дигитална мапа или преку различен тип на извештаи. Компаниите добиваат намалена потрошувачка на гориво, намалени трошоци за одржување, намален број на неовластени возења, оптимизација и поголема безбедност.

„Ако првата револуција во светот на информатичката технологија беше изумот на самIoT компјутер, втората револуција појавата на интернетот, тогаш „Интернет на нештата"можеме слободно да ја наречеме третата голема ИТ револуција што во моментов почнува, а која допрва ќе се разгори во светот"-изјави Мартин Михајлов, професор на Економски фалултет при УКИМ-Скопје, во интервју за неделникот Капитал. IoT ќе има сé поголема примена во здравството, транспортот, во компаниите кои се бават со автоматизирано производство на материјални добра и каде сè не.

Програмерите и развивачите на IoT решенија би ги интересирал и меѓународнIoT натпревар во рамките на Дојче Телеком групацијата, „Business Wall of Fame" https://www.wallofbusiness.com/ каде ќе имаат можност да пријават IoT решение, да добијат награда и интернационална промоција.

(комерцијален текст)

30 март 2015 - 14:11