Шпигел објавува дека Јулија Шрам и нејзиниот издавач, започнале битка на интернет во која бараат гасење на пиратските сајтови кои нудат бесплатно даунлодирање на "Click Me: Confessions of an Internet Exhibitionist."
Уште на првиот ден од промоцијата на книгата, на интернет се појавија пиратски верзии кои беа раширени преку Твитер и Тамблр заедно со информации за платформата на Пиратската партија - вклучително и тоа дека информацијата треба да биде бесплатна.
Инаку, во книгата Шрам на големо го руга капитализмот и она што таа го нарекува "контент мафија" која ги контролира платените содржини на интернет.
Членовите на Пиратската партија постојано инсистираат дека размената на информациите на интернет треба да биде бесплатна, а правото на бесплатно споделување на заштитен авторски материјал за "не-комерцијални" цели е дел од платформата на партијата.
Шрам за книгата добила аванс од 100.000 евра, а книгата се продава по цена од 16,99 евра.