Како што објаснуваат од Фондацијата за надзор на интернетот, ваквиот скок на Европа се должи на подобрените мерки и работа на американските власти и интернет провајдери во прогонот на педофилијата.
Меѓу мерките воведени во Северна Америка е и обврската за интернет провајдерите да ги известат властите ако на нивните сервери има педофилски содржини. Во 2015 имало 4,4 милиони вакви пријави. Во 2016 се 8,2, а за 2017 до сега примени се повеќе од 2 милиона извештаи.
Како резултат на ова во 2015 околу 57% од педофилските веб страни беа хостирани во Северна Америка, за во 2016 бројката да падне на 37%.
Во точни бројки уделот на Европа од 60% од педофилскиот пазар изнесува 34.212 веб страни со педофилски содржини. Од ова повеќе од една третина (37%) се хостирани во Холандија, 11% се во Франција, а 7% во Русија. За сега европските интернет провајдери не ги користат мерките и технологијата за следење и пријавување на педофилски содржини што се во употреба од другата страна на Атлантикот.