Бонусот на Вудс за 2022 се зголемил за повеќе од 2 пати заради што добива дополнителни акции во вредност од 11 милиони долари, а неговата директна плата е порасната за 10% и изнесува 1,9 милиони долари.
Ваквиот исход по трансакциската на Вудс директно го отсликува ќарот што неговата компанија го има од скоковите на цените на нафтата. За референца, во јуни претседателот на САД го обвини Ексон дека направил „повеќе пари од Господ.“
За споредба, првиот човек на Шеврон во 2022 земал околу 13 милион долари помалку во плата и бонуси од Вудс и годината ја завршува со вкупно 23,6 милиони долари.