Благодарејќи на крвопролевањето на берзите, поддржано од крвопролевањето низ Украина, платата на првиот човек на Ексон мобил, Дарен Вудс, за 2022 е порасната за 52% и изнесува 35,9 милиони долари.
Најголемите глобални енергетски компании кои го собраа кајмакот од блесавите цени на енергенсите последнава година треба дел од тој профит да го инвестираат во обновата на Украина, порача украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.