Како се крати буџет

Звучи познато: економска криза, буџетски дефицит, гломазна администрација. Канада реши да се справи со напластените проблеми а министерот за финансии Џим Флаерти на парламентот му предложи ваков буџет:

- Во следните три години ќе се намали бројот на вработените во администрацијата за 19.200.

- Годинешниов буџетски дефицит ќе изнесува 21 милијарда долари. До 2015-та (година на избори) да се постигне буџетски суфицит.

- Општата старосна граница за пензија се покачува од 65 на 67 години. Ова нема да важи за оние кои во моментов се постари од 54 години.

- Границата за пензионирање на јавни службеници се покачува од 60 на 65 години.

- Државните службеници ќе уплаќаат повеќе за пензија.

- Се покачуваат границите за меѓуграничната дјути фри трговија.

- Буџетската поддрша за јавниот радиодифузер ќе биде намалена за 10 проценти во следните три години.

- Ќе се преиспита учеството во некои меѓународни организации.

- Ќе се продаваат официјални резиденции надвор од Канада.

- Нема значајни промени во даноците за граѓаните.

 

30 март 2012 - 09:46