Тужбата на Ексон е против каналот FX, кој минатиот месец го стартуваше новиот канал FXX.
Со целата своја скромност, компанијата која некогаш правеше по 104 милиони долари профит на ден, тврди дека телевизијата сака нејзиниот бренд да биде синоним на најголемата нафтена компанија на светот.
"Битката за дуплиот икс може да го изненади Dos Equis, (мексиканско пиво чие лого се два икса), а правните натегања сигурно со голем интерес ќе го следи ХХ хромозомот и римскиот број 20," забележува сајтот Дејдлајн.
Од FX каналот тужбата ја сметаат за "целосно безвредна" порачувајќи: "ние сме сигурни дека гледачите нема да се вклучат на FXX барајќи бензин или моторно масло, а возачите нема да застанат на бензинските станици на Ексон очекувајќи да им биде пуштена 'It's Always Sunny in Philadelphia.'"