Аукциската куќа Кристис за 655 илјади евра го продаде 15-сантиметарскиот сребрен пехар, што Спиридон го освоил за победата на маратонот на Олимпијадата во 1896-та.
Според Кристис за пехарот се наддавале шест лица. Тие не го соопштиле името на победникот.
Внукот на Луис, по име исто така Спиридон, го даде пехарот на аукција очекувајќи да добие меѓу 143 и 190 илјади евра.
"Имам две деца и тие ми се најважното нешто во светот, и сакам да им обезбедам што е можно повеќе. Никогаш нема да можам да го поделам пехарот," изјавил внукот.
Инаку, Луис кој по професија бил носач на вода, влегол на маратонот, откако завршил 5-ти на квалификациите. Во маратонската трка тој го презел водството неколку километри пред крајот, откако противникот пред него колабирал. Луис бил единствен Грк што победил на игрите.
Претходно општината Маруси, родното место на легендарниот тркач, почнала да собира донации за да ја спречи аукцијата на пехарот. Тие успеаа да соберат 300.000 евра.