Милионерка на социјална помош

Постара Словенка тргнала во банка за да ја подигне својата социјална помош, на шалтер и рекле дека на сметка има - 16 милиони евра.

Како што пишува словенско Дело, парите се откриени благодарејќи на новите правила за делење социјална помош, по кои како основа за помошта освен примањата, се зема и состојбата на банкарските сметки, како и поседувањето недвижнини. Името на жената не е откриено.

Дело наведува дека по воведувањето на овие правила, биле откриени десетици случаи на луѓе кои барале социјална помош, а на сметките имале десетици, па дури и стоици илјади евра.

Слични правила се воведени и за плаќање градинка, заради што родителите веќе негодуваат дека се казнети за тоа што штедат. Некои најавуваат и дека парите ќе почнат да ги чуваат дома или ќе го вложат во странски банки.

25 мај 2012 - 10:56