Шведска и Украина вечерва ќе имаат тешка и веројатно израмнета битка во која е тешко да се утврди фаворит. Последен пат се сретнаа во групна фаза на ЕП 2012. Тогаш испаднаа и двете селекции во групи, бидејќи се најдоа во друштво на Франција и Англија.
Од 11. јуни до 11 јули ширум Европа ќе се одржи празник на фудбалот. Како што секогаш бива, така и сега големото натпреварување ќе го пропуштат и некои големи ѕвезди.
Србија и натаму е своевидна „Мека и Медина“ за вакцини, па интерес за „пелцовање“ има не само од соседните земји, туку и од оние далеку побогатите. Замислете штом претседателот на италијанскиот прволигаш Удинезе слетал во Белград со жена му да се вакцинираат.
Втор настап на Ибрахимовиќ по кам бекот за репрезентација по пет години и повторно асистенција со стил, овој пат до Аугустинсон за водство на Шведска против Косово од 0:1.
Топ не го бие Златан. По пауза од 5 години вечерва повторно заигра за Шведска и со 39 години и 173 стана најстар репрезентативец за својата земја. Швеѓаните ја совладаа Грузија со 1:0 на стартот на квалификациите со голот на Клаесон кој доби топка на тацна од Ибра кој му ја даде со стил.
Милан викендов ја совлада Фиорентина со 2:3, но има една многу спорна ситуација која мина незабележано. При постигнувањето на голот за 0:1, Ибрахимовиќ дрско се ослободува од својот чувар Валентин Есерик кој се побуни на Инстаграм дека срамно е што не им го поништиле голот.
После цели 5 години отсуство од репрезентацијата на Шведска, Златан се врати во селекцијата со која играше на неколку големи натпреварувања. На прес конференција во пресрет на дуелите од квалификациите за Светско првенство 2022, Златан се расплака кога зборуваше дека не ги видел децата и сопругата поради строгите пандемиски мерки.
Фудбалерите на Милан ја победија Фиорентина на гости 2-3 и се вратија во победнички ритам. Ибрахимовиќ, Диаз и Чаланоглу беа стрелци за росонерите, а Златан имаше и еден многу, многу чуден обид со надворешен фелш после што топката фати чудно ефе.
Гаси нетот, „Јутро је“ од Нада Топчагиќ синоќа грмеше на Сан Сиро и тоа пред мечот Милан - Манчестер Јунајтед 0:1. Во 122 години историја на Милан, не веруваме дека друг Балканец успеал да издејствувал вакво нешто. Не бе, не е нормален.
Златан е прав хит во италијанските медиуми. Последно се јави со видеолинк во емисијата „Che Tempo che Fa“ и одговараше на прашање на италијански новинари, па раскажа и некои анегдоти од кариерата.
Епизода број 2 со легендата на Сан Ремо кој пак се појави со истиот српски хит на најреномираниот италијански фестивал. Нема да верувате што му се случило. Заглавил на автопат и застанал навивач на Милан да го однесе со мотор.
Славниот фестивал синоќа барем на кратко беше во рацете на Златан, а петте минути кои му ги даде водителот, фудбалерот на Милан ги искористи на свој начин и постави нови правила на Сан Ремо.
Нема, човекот е неповторлив. Таква легендарна појава немало и тешко дека ќе има во светот на спортот. Вечерва за првпат се појави на сцената во театарот Аристон на светски познатиот фестивал Сан Ремо каде ќе има уште точки следните денови. Ладно се симна со мелодија која сам ја одбрал.
Навивачите на Милан се прашуваа како настапот на дури 5 фестивалски вечери ќе се одрази на игрите на Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес во остатокот од сезоната, но попладнево клубот објави дека тој поради повреда можеби ќе пропушти 3 меча: Јунајтед, Верона и Удинезе.
Се вика „Златен тапир“, а овој пат го доби Ибрахимовиќ за слабото издание против Интер кое го загубија 3:0. И покрај тоа што се работи за најнепосакувано признание, сепак Ибра го прими од емисијата „Striscia La Notizia“ и ги прифати шегите на водителот.
И покрај тоа што Златан Ибрахимовиќ отсекогаш имал симпатии за Балканот и има многу пријатели меѓу спортистите од регионов (во 2014-та со Ѓоковиќ донираше и парични средства за поплавениот град Обреновац), на Маракана во Белград за време на мечот меѓу Црвена Звезда и Милан (2:2) некој идиот најде за сходно да го вреѓа големиот Ибра.
Златан Ибрахимовиќ досега во кариерата играл против 250 клубови и репрезентации. Во клупскиот фудбал постигнал 499 гола и сега го чекаат противници против кои никогаш не играл.
Не престанаа цела недела да се спрдаваат по социјални мрежи за жестокиот дуел меѓу напаѓачите на Интер и Милан, кој некако внесе поголема драж на миланското дерби кое го добија момците на Конте. Кај им текна па сега ваква будалаштина.