Милан викендов ја совлада Фиорентина со 2:3, но има една многу спорна ситуација која мина незабележано. При постигнувањето на голот за 0:1, Ибрахимовиќ дрско се ослободува од својот чувар Валентин Есерик кој се побуни на Инстаграм дека срамно е што не им го поништиле голот.
„Кој сум јас да не почитувам клуб како што е Милан со големи фудбалери. Јас сум никој, но кога играм за опстанок и се случува анти фер-плеј акција, тогаш ќе ја кажам и објавам“, напиша Есерик.