За три месеци ќе наполни 39 и уште нема најави за пензија, а е напаѓач. На 18 средби во Серија А даде 10 гола, внесе живост во соблекувалната и го подигна нивото на Милан. Како ја одржува формата? Со вежби додека е на одмор, кој само што му почна. Годините му се само бројка.