Видеото е од 6 јануари 2020-та кога Ибрахимовиќ го одигра првиот меч за Милан против Сампдорија кој заврши без голови кога пристигна на полусезона.
Во студио се седнати британски фудбалски аналитичари кои не можат да сфатат зошто Ибра на тие години се решава да оди во клуб како Милан кој никако да излезе од криза и да го фати шампионскиот пат.
„Што по ѓаволите бара Ибрахимовиќ во Милан? 38 години има. Да не оди за пари? Па тоа е скршен тим“.
Муабетот оди вака:
13 месеци по неговото деби:
- Стана стрелец во четири декади 1990, 2000, 2010, 2020.
- Со 38 години и 129 дена стана најстар стрелец во миланското дерби, рушејќи му го рекордот на Швеѓанецот Нилс Лидхолм.
- Стана прв играч со 50 гола во Серија А постигнати за двете екипи од Милано.
- Со голот против Каљари стана најстар играч со минимум 10 гола во Серија А. Претходно гол на 38 години во истото натпреварување постигнал Силвио Пиола во 50-те.
- По пауза од четири натпревари поради Ковид имаше страшен кам бек со 5 гола на три меча. Прво го реши Интер со два комада, потоа и даде уште два на Рома, па сам го суреди Удинезе.
- Сезонава на 11 меча има постигнато 14 гола, исто колку помладите Имобиле и Лукаку, а само Роналдо е пред него со 2 повеќе.
Доста е а? Уствари чекајте, го заборавивме главното:
ZLATAN HITS 500 CLUB GOALS 📈
— ESPN FC (@ESPNFC) February 7, 2021
40 THIS YEAR AND STILL GOING STRONG 🔥 pic.twitter.com/qTFQl1G2Tg
Zlatan Ibrahimovic has now scored 500 career club goals 🤯 pic.twitter.com/eJwDs4r0V1
— Goal (@goal) February 7, 2021
Стварно бе кај се зима ваков играч? Па стар е.