Од сите прашања кои новинарите му ги поставуваа на Ибра, едно беше најинтересно.
Шпицот на Милан прво раскажа дека најомилен играч на неговиот син бил Џенаро Гатузо.
„Вчера баш му се јавив на Гатузо да му прати честитки за роденден на син ми зошто му е омилен играч. Син ми ја обожава таа одлучност и менталитет која Рино ја покажуваше на терен како играч.
Му реков, ако не ми пратиш видео во кое му честиташ роденден на син ми, ќе дојдам во Неапол и ќе честиташ во живо“, рече Ибрахимовиќ и се изнасмеа на прашањето дали е вистина дека еднаш го фрлил Рино.
„Да, се шалевме нешто, а он знаете каков е тежок, се лути. Го фрлив со глава во канта за ѓубре. Незгоден е, како да ги споиш Тајсон, Мухамед Али и Брус Ли во едно, го фрлив во канта му висеа двете нозе вака“, се смееше Ибрахимовиќ додека се сети на чудниот момент со Џенаро.
"Una volta ho messo Gattuso a testa giù in un bidone..."@Ibra_official a #CTCF da @fabfazio 😂 pic.twitter.com/KgHhbkF7ld
— Che Tempo Che Fa (@chetempochefa) March 7, 2021