Ибрахимовиќ се расплака на прес

После цели 5 години отсуство од репрезентацијата на Шведска, Златан се врати во селекцијата со која играше на неколку големи натпреварувања. На прес конференција во пресрет на дуелите од квалификациите за Светско првенство 2022, Златан се расплака кога зборуваше дека не ги видел децата и сопругата поради строгите пандемиски мерки.

„Да имаш две деца кои плачат секој пат кога си одиш е тешко. Дома шутираат топка, жена ми ми вика да ги натерам да престанат ама не сакаат и имаат право. Тоа што ќе скршат може да го купиме пак. Како го примија моето враќање во репрезентацијата? Па Винсент беше тука и плачеше многу кога го напуштив за собирот на репрезентацијата, ама сега е ок.