Сторијата датира од 20 април 2005-та кога Босанецот и Србинот се сретнаа во Торино на средбата Јувентус – Интер 0:1 со голот на Круз.
Тогаш 24 годишниот Златан и 36 годишниот Синиша имаа жесток дуел по кој двајцата паднаа на земја, а Ибра иако пред себе го имаше 12 години постариот Михајловиќ му удри глава по што го суспендираа три кола.
Потоа направи трансфер во Интер, каде асистент тренер на Манчини му беше токму Михајловиќ.
Случката ја раскажаа синоќа на Сан Ремо во нивен стил.
Амадеус: Како почна вашето пријателство?
Златан: Со војна.
Синиша: Со глава.
Амадеус: Како тоа со глава? Ај раскажи ни.
Синиша: Ете тој нека раскаже, бидејќи тој ми ја удри.
Златан: Тоа беше на Јувентус – Интер.
Синиша: Како заврши мечот?
Златан: Не се сеќавам.
Синиша: Епа јас се сеќавам.
Златан: Тогаш имаше повеќе искуство од мене и јас наседнав на неговата игра.
Синиша: Наседна на провокацијата, бидејќи со него не можеш на друг начин, не можеш да му се заканиш и треба да го испровоцираш. И тогаш се изнервира и ме удри со глава и потоа му дадоа црвен.
Златан: Ме суспендираа.
Амадеус: Потоа кога се смиривте?
Синиша: Кога дојде во Интер сакав да му вратам на ист начин.
Амадеус: Па убав однос е ова на давање и примање глави, баш убаво.
Синиша: Ние балканците така правиме.
Златан: Тоа е нашата љубов, така станавме пријатели.