40 години, 957 натпревари, 565 гола и 1 автогол, прв во кариерата.
Ова се основните бројки кои го опишуваат маестралниот Златан Ибрахимовиќ. Играч кој го совлада ковидот и секоја повреда која му стои на патот. Абе топ не го бие. Ги победува и се враќа експресно во форма, како ништо да не било.
Викендов се запиша на листата на стрелци со 40 години и 20 дена и стана четврти најстар стрелец во историјата на Серија А. Наскоро се очекува да стане втор и да ги мине Пјетро Верчвуд со 40 години и 47 дена и Силвио Пиоли со 40 години и 131 ден.
40 - Zlatan Ibrahimovic has become the fourth-oldest scorer in Serie A history (40 years and 20 days), prior today there were only three players with goals with at least 40 years in the Italian top-flight: Costacurta, Piola and Vierchowod. Unstoppable.#BolognaMilan pic.twitter.com/kcqa9cyXjf
— OptaPaolo 🏆 (@OptaPaolo) October 23, 2021
Ако продолжи во Милан и следната сезона, тогаш сигурно ќе го помине и рекордерот Алесандро Костакурта, кој е на врвот на листата со 41 година и 25 дена.
Легендарниот италијански стопер даде гол од пенал на мечот Милан – Удинезе, одигран на 19 мај 2007-ма, односно на последниот негов меч во кариерата и го запечати тешко достижниот рекорд.
Инаку Милан викендов немаше едноставно гостување во Болоња. Тимот на Михајловиќ со играч помалку успеа за 3 минути од 0:2 да израмни на 2:2, а потоа и со втор црвен да се држи до 84-та минута.
Во израмнувањето им помогна Ибра, кој замислете викендов го постигна првиот автогол во кариерата, а воедно стана и најстар играч кој си постигнал автогол во италијанскиот фудбал.
Но во финишот даде уште еден гол, овој пат во вистинска мрежа за конечни 2:4, откако претходно Бенасер со проектил стрелаше за 2:3.
Неодамна излезе податок дека легендарниот шведски напаѓач е стрелец во 24 сезони, првата за Малме во 1999-та, а потоа во Холандија, Италија, Шпанија, пак Италија, Франција, Англија, САД и повторно Италија, по трет пат.
На една таква величествена кариера во големи клубови со кои освои 31 трофеј, речиси секој друг играч би се повлекол под 40 години.
Но Ибра уште држи форма и игра со желба и страст, а викендов му помогна на својот тим по втор пат во историјата да го оствари скорот од 8 победи по првите 9 кола. Претходно тоа им успеало во сезоната 1954/1995.
Автоголот за 1:2
Голот за 2:4
Само поради гол разлика се втори, а веќе утре со почеток од 20:45 го пречекуваат дома Торино.
Газета на насловна напиша: Милан луда глава