Таг: зинедин зидан

Фудбалерот од кого Зидан научил многу и по кој го крстил најстариот син

Денес е тешко да се поверува дека еден цар како Зизу сите потези ги ископирал од еден малку познат латиноамериканец кој на крајот решил да остане романтичар и да не тргне по патот на славата.

Зидан на часови кај професор Биелса

Тренерската кариера ја почна во Реал, го тренираше две и пол сезони и стигна до 9 трофеи од кои три историски во низа во ЛШ. Ама ЗиЗу е свесен дека и покрај успесите кои сепак ги постигна со врвен состав, има уште фурни леб да јаде за да го испече занаетот, па затоа внимателно го слуша “Лудакот“. Инаку видеово е пред година и кусур, ама фино е да се види желбата на едниот да слуша, а другиот да пренесе.

Голман башка будала или голман крал?

За време на мечот Жирона - Алавес (1:1) на кој Кристијан Стуани постигна прекрасен гол, голманот на домашните Јасин Буно направи многу ризичен дриблинг во стилот на Зинедин Зидан. Има среќа што му успеа.

Си се заиграл со Меси, Зидан, Лампард, Кака, а те викаат одма дома да одиш

Што знаат дома кои се најголемите ѕвезди на фудбалот во последните 50 години? А малиот Хозе таман се заигра.

Кога Зидан ќе ти пушти муабет дека можеш да бидеш најдобар

Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Меси и Роналдо. Заслужено бидејќи игра во еден од најголемите клубови во светот, се докажа во таа средина, а во него верувал и еден од најдобрите играчи од среден ред на сите времиња, кој испиша историја како тренер на Реал.

Тргнал Зидан со жена на шопинг

Доскорешниот тренер на Реал Мадрид кој освои сè што можеше да се освои, сега заслужено одмора со своето семејство. Италијанскиот новинар Танкреди Палмиери кој работи за beINSport објавил колаж фотографии како Зизу ја чека жена му Вероника на шопинг.

Може ли фудбалот да го оздрави француското општество?

Низ историјата, Nike и adidas имаа многу врвни реклами со интересни поенти, но неодамнешниот трик на германскиот гигант во Париз, безусловно заслужува максимално внимание и почит. И кажува многу повеќе од една фудбалска игра.

Кога Азар со браќата навивал за Франција

Една фотографија од еден летен одмор во детството на најдобриот фудбалер на Белгија, го покажува него и неговите браќа кои станаа исто фудбалери, со дресови од следниот противник на Светското првенство.

Дешамп земи ги Зидан и Анри, уште се во форма

Светскиот шампион од 98-ма Франција одигра ревијален натпревар против тим на други легенди од тоа време. Зинедин Зидан и Анри и да сакаат не можеа да приредат појако фудбалско шоу.

Семеен гол на Зидановци во Дубаи

На еден ревијален турнир, Енцо до Зинедин, Зизу до Лука а Лука со прецизен финиш.

За животот на Јазид Зидан

Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.

Реал Мадрид во секој смисол e жив ќар со Зидан

Им донесе 9 трофеи од кои 11-та, 12-та и 13-та во Лига на шампиони, дојде тивко, без врева, медиумски паради, листа на желби и слично и си замина тивко. Зинедин Зидан ќе го паметат како домаќин човек во одделот за финансии на клубот.

Последниот рекорд на Зинедин Зидан

Деветте трофеи во две и пол години, од кои три рекордни по ред во ЛШ не е единственото нешто по кое ќе остане запаметен како посебен во историјата на  Реал Мадрид. Од неговиот престол никој не си заминал на таков џентлменски и храбар начин во ерата на човекот кој секогаш сам ги правеше чистките.

Заврши трофејниот пат по кој Зидан изоде со Реал Мадрид

Од нигде никаде во сончевиот Мадрид претпладнево загрме а громот одекна во цел свет.

Детето кое спиело под отворено небо сега е клучен играч на Реал Мадрид

Растел без татко, лутал по фавелите на Сао Пауло и сфатил дека само со напорни и исцрпувачки тренинзи ќе стигне до врвот. Сега е незаменлив штраф од машината на Реал Мадрид со кого освои сè што може да се освои.

Дискретниот херој на Реал кој од 12 години игра со дијабетес

Во ситуација кога ги гледате најголемите ѕвезди на светскиот фудбал кои прават чуда со топката, тивкиот и скромен Начо од сенка ви делува како недоволно вешт за да биде дел од големото семејство на Реал. Но не е така.

Спектакуларен гол на Бејл и глупости на Кариус за 13-та титула на Реал

’Кралскиот клуб’ стана првиот клуб кој три пати по ред ја освои Лигата на шампиони откако вечерва во Киев убедливо го победи Ливерпул со 3:1.

Кога Зидан ќе ги проигра Модриќ и Ковачиќ

На три дена до мечот на сезоната, Кралевите работат на “случајот“ Ливерпул. Нишанот на Хрватите е наместен, а за магија на тренинг се погрижи и нивниот тренер кој со вакви асистенции слободно може да влезе во игра. Комбинацијата Зидан - Модриќ е лудило.

16 години од страшниот волеј на Зидан против Леверкузен

На денешен ден во 2002 година Зинедин Зидан му ја донесе на Реал Мадрид деветтата титула во Лигата на шампионите со еден од најубавите голови во историјата на овој турнир.

Две легенди, една прегратка

Покрај контроверзното судење и рекордот на Меси и Роналдо, на Ел Класико има уште еден момент за одбележување, многу јак од кој треба да учи секој играч особено тие што се скарани со „респектирај го противникот, односно легендите“.

Великодушниот Зидан и неговите пријатели од омилениот ресторан во Торино

Доверливиот готвач заврши во француската репрезентација, а таксистот менаџира спортски центар. Ова е потсетување на едно друго време со тренерот на Реал Мадрид кој не остави голем белег во Јувентус само како фудбалер.

Како Серхио Рамос отиде во тоалет среде меч

Како и на многу средби сезонава во Ла Лига, така и против Еибар, Реал се намачи да стигне до трите бода, a и покрај двата гола на Кристијано Роналдо, моментот на мечот го имаше капитенот Рамос.

Најбрзиот напад во историјата на градското дерби

Кога Раул, Бекам, Зидан, Роберто Карлос и Роналдо не им дадоа на играчите на Атлетико да ја видат топката.

Минути со проф.д-р Зинедин Зидан

Беше професор, доктор, учител, уметник и не знаеме веќе што за фудбал. Човек кој играта со топка ја негуваше до совршенствно. Кога Зидан везеше во среден ред, тоа го правеше како е е најлесната работа на светот. Ќе се роди ли повторно ваков мозок?