Сите ги паметиме последните пет години од кариерата на Зинедин Зидан во Реал Мадрид каде беше дел од славната дружина со Раул, Фиго, Бекам, Роналдо, Роберто Карлос. Но можеби не знае секој дека кариерата на маестрото почна во далечната 1989-та година во Кан, еден од неговите четири клубови во кариерата.
Неговиот пат до врвот во професионалниот фудбал бил долг и тежок, а за да стекне здрави спортски навики баталил многу други кои ги практикувале неговите врсници. Тие во град, тој во кревет.
„Од самиот почеток ми беше јасно и се што сакав да правам е да играм фудбал. Но имав потешкотии на училиште и моите родители ми дадоа до знаење.
Знаев и бев свесен што треба да правам и вакви навики треба да имам ако сакам да го фатам тој пат. Родителите еден ден ми рекоа: Знаеме што ти се врти во умот, па направи го она што го сакаш.
Откако ја добив дозволата, почнав да се фокусирам и да дадам се за да го постигнам она што го сакав. Кога пристигнав во Кан, видов професионалци и си реков: „Сакам да го направам ова“. Од тој момент направив се за да можам да станам најдобар.
Зидан станал дел од школата на Кан на 14 години и веќе на 17 бил дел од првиот тим. Тогаш решил да го промени начинот на живеење, односно се дал на здрав живот, а тоа подразбира:
„Легнував рано како што е ред, не бев идиот да одам и да заглавувам по барови, пиев само вода и правев вежби за истегнување.
Целосно се вложив за да стана колку што можам добар фудбалер и морав да го сторам тоа по секоја цена. Тоа беше начинот на кој можев да ги направам среќни и горди и моите родители.
За да бидете познати и да играте морате да бидете добри, ама не како денес. Прво треба да покажете дека сте различен од другите. Денес тоа е сменето и играчите не се плашат да прават грешки“.
Ова дисциплинирано момче кое за да успее правело „живели“ само со вода стана еден од најдобрите светски фудбалери за око. Доволно беше само да ја штопне топката или да помине еден играч за да си речеш „не е нормален“.
17 годишната кариера ја мина во Кан (1989-1992), Бордо (1992-1996), Јувентус (1996-2001) и Реал Мадрид (2001-2006). Освои 12 клупски трофеи од кои една ЛШ со Реал кога го направи оној мега популарен волеј на финалето против Баер Леверкузен.
Со Франција му успеа тоа што секој би сонувал да го оствари со својата земја. Светски и европски првак и тоа во финале со Бразил, па со Италија.