Ретро на денот: Мајсторијата на Зизу против Ајакс во 1996-та

Во пресрет на вечерашниот реванш од четвртфиналето на ЛШ меѓу Јувентус и Ајакс (првиот меч заврши 1:1), ќе се потсетиме на еден момент од нивниот двомеч пред 12 години.

Бјанконерите во полуфиналето на Лига на шампиони во сезоната 1996/1997 се сретнаа со „копјаниците“ и го добија првиот меч во Амстердам со 1:2, па реваншот беше само рутина за „Старата дама“ која го растури холандскиот гигант со 4:1 пред 67.000 гледачи на стариот „Олимписки“ стадион во Торино.

Четвртиот гол на мечот го постигна легендарниот Зизу кој ја играше својата прва сезона во дресот на клубот од Торино. Французинот спокојно ја издрибла одбраната на Ајакс и школски постигна гол за конечни 4:1.

Јувентус тогаш имаше моќен состав, со Перуци, Ферара, Монтеро, Јулијано, Ди Ливио, Дешам, Такинарди, Зидан, Ломбардо и Бобо Виери, Дел Пјеро, Конте. 

Најтрофејниот италијански тим можеше да ја освои Лигата на шампионите втор пат по ред, но во финалето загуби од Борусија Дортмунд 3:1. После оваа сезона, Јувентус уште четири пати стигна до финалето на Лига на шампиони, но ги загуби сите четири дуели за големиот пехар.

Вечерва Кристијано Роналдо и дружината ќе се обидат да направат голем чекор кон полуфиналето. На домашен терен го пречекуваат Ајакс.

16 април 2019 - 11:04