Таг: владимир путин

Ако Путин победи во Украина, тогаш што?

Во својата магистерска книга „Сталин“ историчарот Стивен Коткин ја најави својата намера да пишува „историја на светот од канцеларијата на Сталин“. Прифаќајќи ја оваа перспектива, деновиве кое е гледиштето од канцеларијата на рускиот претседател Владимир Путин? Посебно, ако Путин ја добие војната во Украина, тогаш што ќе направи следно?

Русија сака да го парализира НАТО без испукан куршум

Ердоган изминатиов месец имаше мастерклас по дипломатско балансирање. Го спречи приемот на Шведска и Финска во НАТО за да ќари од скандинавското проширување: ем ветување од Шведска и Финска околу Сирија и Курдите, ем притисок врз Бајден да му продаде нови Ф-16ки и надградба за постојните авиони што ги има.

Тажната вистина е дека Путин ја добива економската војна

Постојат лоши политики, и постојат стварно лоши политики. Се прашував кога ќе се појави идејата за воведување на контроли на цените како средство за спречување на инфлацијата, и ете ја, се појави на последниот самит на Г7 лидерите.

Путин доби „гига-астал“ за Каспискиот самит

Од почетокот на годинава, најверојатно заради здравствени ем безбедносни стравови, Путин главно практикува средбите да му се случуваат на маси со капацитет за одржување селска слава. На Каспискиот самит не беше ништо поразлично.

Што е следниот потег на Путин?

Што е следно по падот на Северодонецк, по крахот на целосната западна аналитика околу решителноста на Москва да ја добие војната, по неуспехот на Западот да ја сфати длабочината на омразата и презирот што Путин ја има кон нив?

Лекција по суверенитет од Путин

Суверенитет не е нешто варливо, или го имаш или го немаш. Ако го имаш ќе видиш по одлуките што ги носи твојата држава, а ако го немаш ќе забележиш многу доцна, обично кога ќе те снема.

И Русија и Украина ја прославија победата над фашизмот

Сценографијата на двете прослави беше упадливо различна, ама крајната порака беше копи/пејст. Ветувањето и на Путин и на Зеленски е дека победиле тогаш, и дека ќе победат и сега, ко па да може да има некоја вистинска победа.

Украинците му кренаа споменик на Путин во Киев

Во центарот на Киев, на местото каде што порано имаше споменик на Ленин, вчера беше поставена скулптура која неодоливо потсетува на ликот на Путин со пиштол во уста. Автор на скулптурата е Дмитро Ив а неговата порака до „Путлер“ е „Застрелај се“.

150 руски агенти отпуштени од ФСБ заради грешките во Украина

Во масовната чистка на Федералната служба за безбедност најлесно минаа тие што останаа само без работа, а најтешко, за сега, поминува нивниот шеф и раководител на одделот за Украина, Сергеј Беседа, кој заврши во затвор под управа на ФСБ во близина на Москва.

Француски поглед на Буча

Пјер Конеса е поранешен заменик директор за стратешки работи на француското министерство за одбрана, а инаку автор на неколку книги за геостратегија. Тоа што пред некој ден Конеса го дебатира на француската телевизија се однесува на можноста за вадење на Путин пред судот во Хаг.

Крајот на „петербуршката“ тројка

Слика на двајца моќни руски политичари и функционери, и еден речиси анонимен советник на градоначалникот на Санкт Петербург кој „знае да заврши работа“.

Поранешен агент на ЦИА зборува за Украина и Путин

Меѓу другото, Мајк Бејкер, објаснува дека Американците имаат проблем да најдат некој близок на Путин со кој можат да работат. А како ги наоѓаат такви? Па лесно, главно со добро, ќе гледаш да му помогнеш на некого „чие дете има здравствени проблеми, или ќе му го запишеш детето на факултет во странство...“. Исто така, нема поранешен агент на ЦИА.

Колатерални олигарси

Во ретко срцепарателно интервју банкротиран руски олигарх се обидува на западните медиуми да им објасни дека руските милијардери главно немаат никакво влијание врз Путин, па со тоа тие за џабе ги јадат санкциите од Западот.

Фејсбук правично дозволи да се повикува на убиство на Путин

Социјалната мрежа направи исклучок од својата бланко забрана за користење на платформата за повикување на насилство, и одлучи дека повикување на убиство, смрт и слично е дозволено кога се работи за некој што стварно не го сакаш. Денес тој некој е Руската федерација, Путин и компанија.

Сè што треба да знаете за разговорите меѓу Макрон и Путин

Во испегланите извештаи за јавност има само фрази од типот „постигнат е напредок“, „двете страни ќе ги продолжат контактите“ или „беше изразена загриженост“. И зад такви фрази се кријат повеќечасовни разговори чија содржина никогаш нема да ја дознаеме, но овие четири слики од Макрон прилично ја доловуваат атмосферата.

И Французите почнаа да споменуваат атентат врз Путин

Елиминирањето на Путин е едно од можните решенија за ставање крај на војната во Украина, ќе порача поранешниот директор на француското воено разузнавање, Кристоф Гомар.

Американците бараат јунак што ќе го убие Путин

„Некој во Русија треба да се охрабри“ ќе порача во живо на телевизија еден од највлијателните републикански сенатори, Линдзи Грем, повикувајќи некој близок од кругот на рускиот претседател да го убие Путин.

Меркел или Ши ќе го носат мирот во Украина?

Војната во Украина е трагедија и „дефинитивно е нешто што требаше да биде избегнато“ порачува поранешниот советник за надворешни работи на Думата, Андреј Кортунов.

Кој е појак, Путин или Марадона?

Рускиот претседател можеби е меѓу најјаките меѓу колегите, ама не може со Диего Армандо Марадона, кој го има “издриблано“ и тоа на гостински терен.

Што се смени кај Путин од Крим 2014 до денес

Путин што го анектираше Крим се грижеше што ќе се случува утре. Путин што ја објави инвазијата на Украина се грижи што за него ќе пишува во учебниците по историја.

Доњецк и Луганск признаени од Русија како независни држави

Кратко по состанокот на Советот за безбедност на Русија, Путин телефонски им соопшти на Макрон и Шолц дека ќе ги признае како независни сепаратистичките региони во Украина - Народните републики на Доњецк и Луганск. По ова имаше телевизиско обраќање кое го почна со тоа дека Украина е творба на комунистичка Русија.

Ши би сакал Путин да не му почнува војна за време на Олимпијадата

Отворањето на Зимските олимписки игри е на 4 февруари, односно следниот петок. Овој петок пак е крајниот рок до кој САД се обврзаа дека ќе и ги испратат на Русија безбедносните гаранции што ги договараа во Женева.