Видео играта базирана на филмскиот блокбастер на Стивен Спилберг E.T. се смета за една од најлошите и најнеуспешни видео игри на сите времиња. Некои сметаат дека токму тој дебакл го означи почетокот на крајот на тогашниот гигант Атари. Ова е приказната за програмерот кој денес лекува програмери.
Одлична вест за сите Менаџер манијаци. Најновата верзија на Фудбал Менаџер сега е достапна за играње, a ние спремивме листа од 20 фудбалери кои едноставно треба да ги имате во составот.
Со излегувањето на ФИФА 16 неделава, а по излегувањето на Про Еволушн Сокер минатата недела, Телеграф ги рангираше 10-те најдобри фудбалски видео игри на сите времиња.
19-вековна класична музика, особено онаа на Бетовен, се користи во игрите со пукање во прво лице (first-person shooter games). Романтицизмот, значи, е преферираната музичка придружба на виртуелното убивање.
Еден њујоршки дизајнер се обидува да ги преиспита постулатите врз кои почива технологијата - брзината и постојаната иновативност. Неговата верзија на познати видео игри се во форма на коцка, и на нив може да правите само еден потег дневно.
Го измислија нормално Јапонците во 1988 година, но кај нас стаса некаде на средина на 90-те. Си бираш тим, формација и играчи, а ако имаш два џоистика го викаш и најверниот другар. Претходно најважно е да имаш напишано домашно за да те пуштат да играте барем 3-4 саати.
Како што наближува крајот на годината, така почнуваат да се појавуваат списоци на „нај" книги за 2013. Но најзначајната можеби никој нема да ја спомене. Зошто? Затоа што таа не е книга туку - видео игра.
Секој страстен играч на видео игрици ќе ви каже дека голем дел од она што ги прави толку интересни е нивната музика. Токму неа од неодамна ја изведуваат симфониски оркестри во живо. И заработуваат повеќе отколку од настапи со познати оперски ѕвезди.
Некои тренери забрануваат секс пред натпревар, некои забрануваат алкохол, Паоло ди Канио забрани лед во Кока Кола и кечап и мајонез, а тренерот на англискиот третолигаш Лејтон Ориент на своите фудбалери им забрани да играат ФИФА 14.
Драги зависници од компјутерски игрици, еве ви уште една вест која може да ви служи како доказ дека не е залудно времето кое го губите на компјутер. Селекторот на фудбалската репрезентација на Намибија се инспирирал да стане тренер откако играл Football Manager.
Игриците на EA Sports се едни од најпродаваните и најпопуларните видео игри уште од 1994-та година. Погледнете ја еволуцијата на ФИФА од нивното појавување па до последното издание.
Оле Гунар Солскјер имаше тренерско деби со титула со норвешката екипа Молде, а легендата на Манчестер Јунајтед открива дека на почетокот на неговата тренерска кариера најмногу му помогнала игрицата Football Manager.
И покрај тоа што Марсеј ја прифати понудата на Њукасл и тој требаше да биде замената на Демба Ба, напаѓачот Лоик Реми реши да потпише за фенерџијата КПР. Причина за овој трансфер е една партија на игрицата FIFA со газдата на клубот.
Познати се повеќе случаи на аплицирање за тренерска функција во фудбалски клуб од страна на лица чија допирна точка со фудбалот е освојување на Лига на шампиони на компјутерска игрица, но за еден млад Азербејџанец долгогодишното играње FM се исплатеше и тој стана тренер на ФК Баку.
Директорот на шкотскиот второлигаш Думбартон се покаја што ги повика заинтересираните тренери да аплицираат преку мејл за испразнетото место во нивниот клуб. 75% од апликантите како претходно искуство навеле дека ја освоиле Лигата на шампиони на компјутерска игрица.