За време на репрезентативната недела кога обично е тивко во клупскиот фудбал, во вторникот вечер одекна бомба: Тотенхем го избркал Маурисио Почетино. Нема споразумен раскин на договорот, туку бркање.
Европскиот вицепрвак ја потврди својата класа и со 0-4 ја згроми Црвена звезда во Белград во групната фаза од Лига на шампиони. Резултатот го отвори Ло Селсо во 34’ минута после една многу чудна ситуација со пречки, стативи и што уште не. Исто нешто имаше и на спротивната страна.
Ако после колото во Лига на шампиони зборувавме дека нешто со Тотенхем не е во ред, тоа се потврди синоќа. Лондонците испаднаа од Лига Купот од ЧЕТВРТОЛИГАШ. Значи не чемпиопншип, не лига 1, туку лига 2.
На седмото издание на Меѓународниот Куп на шампиони на кои играат некои од најголемите светски клубови, Тотенхем го доби Јувентус со 3-2 со гол на Хари Кејн буквално од пола терен.
Она што го најави неколку дена пред финалето, Маурисио Почетино го оствари. Целиот негов тим, и првите 11 и резервите се сликаа на заедничката фотографија пред мечот со Ливерпул.
Во првото полувреме од мечот Ливерпул - Тотенхем на стадионот „Ванда Метрополитано“, во 18’ минута една млада девојка на 2 минути го прекина мечот откако упадна на терен.
Фудбалерите на Ливерпул сосема заслужено се на кровот на Европа, во прилично скромно финале ако претходните неколку се земат превид. Црвените добија пенал уште во 25 секунда.
Келн и Мадрид викендов ќе бидат главните две дестинации за љубителите на ракометот и фудбалот. 300 и кусур евра не се воопшто малце пари за блок картите кои ги нудеше Вардар, ама па оди на Ливерпул – Тотенхем да те видам. Германска плата не те крпи.
Ливерпул и Тотенхем, заедно со УЕФА полека се спремаат за епското финале на Лига на шампиони, на 1. јуни во Мадрид. Според најавите, Ливерпул ја добил домашната соблекувална на Атлетико Мадрид, а Тотенхем гостинската која е далеку понеопремена.
На 1 јуни во Мадрид ќе се игра големото финале на Лига на шампиони меѓу Тотенхем и Ливерпул. Еден навивач на тимот од Лондон, после мечот со Ајакс даде фантастично искрена изјава и ние го поддржуваме во целост.
Синоќа Арсенал ја згроми Валенсија со 2-4 во Шпанија и со вкупен резултат 7:3 се пласираше во големото финале каде ќе игра против Челси кој на пенали го победи Ајнтрахт Франкфурт после 2:2 по двата меча.
Како така и Ливерпул и Тотенхем се во финале на ЛШ и ќе играат во Мадрид (наспроти општите очекувања), но тоа не ги спречува англиските навивачи да продолжат да кенкаат.
Тотенхем - Ајакс беше најголемиот андердог пар во едно полуфинале откако се игра ЛШ. Ајакс последен пат во 1/2 финале на ЛШ играше во минатиот век, а Тотенхем пред цели 57 години назад кога Лига на шампиони се викаше Куп на европски шампиони.
Лукас Мура му ја протнува на Онана во 96-та минута за 2:3 и после неколку секунди во горниот прстен од „Амстердам Арена“ некој плаче, некој се тресе, некој се држи за глава, некој урла. Воглавном сите шокирани.
Патот на Тотенхем до финалето на Лига на шампиони сигурно ќе биде обработен во некоја епска документарка. Она што им се случуваше уште од групна фаза па се до 8 мај и гостувањето во Амстердам е необјасниво.
Човекот кој без ниту еден приговор прифати клубот да не направи ниеден трансфер од јануари 2018 и со ист состав да игра на 4 фронта. Секогаш пристоен во односот со колегите, со играчите, со навивачите. Маурицио Почетино заслужи да игра финале.
Ajaкс ги исфрла Реал и Јуве од ЛШ. Ти доаѓаат дома во полуфинале, те победуваат 0:1 и мислиш дека работата е готова. Потоа им одиш на гости, те водат 2:0 на полувреме, а ти во второ ги прскаш во фаца со хет-трик, третиот гол во 95-та минута.
По драмата и чудесниот пресврт на Ливерпул, уште една англиска екипа се погрижи за зголемена продажба на алкохол, ама и дијазепами. Трудна жена во осми месец ќе се породи на вакви полуфиналиња. Луксуз е да трепка човек.
Бајката наречена Ајакс стигна до финишот на најелитното клупско европско натпреварување каде ќе игра против Ливерпул на 1 јуни во Мадрид. Тадиќ и компанија овој пат не беа доминантни, туку во драматична завршница спасија г`з. Тотенхем од 2:0 стигна до 2:2 во второ полувреме и сигурно ќе жали, бидејќи беше многу блиску до трет гол вреден финале.
Пред 62.000 гледачи на „Новиот Вајт Харт Лејн“ во Лондон, Ајакс го совлада Тотенхем со 0:1 по гол постигнат од помалку сомнителна офсајд ситуација пред голот на Лорис.
На Стариот континент има неколку клубови кои историски асоцираат со еврејската дијаспора: Тотенхем, Ајакс, Рома, Славија Прага, Краковија, Видзев. Најпознатите од нив вечерва играат во полуфинале на Лига на шампиони.
Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.
Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.