Таг: тотенхем

Што е со полуфиналињава луѓе? Ова е штетно по срце

Бајката наречена Ајакс стигна до финишот на најелитното клупско европско натпреварување каде ќе игра против Ливерпул на 1 јуни во Мадрид. Тадиќ и компанија овој пат не беа доминантни, туку во драматична завршница спасија г`з. Тотенхем од 2:0 стигна до 2:2 во второ полувреме и сигурно ќе жали, бидејќи беше многу блиску до трет гол вреден финале.

Ајакс и натаму го сонува најубавиот сон, на чекор е од големото финале

Пред 62.000 гледачи на „Новиот Вајт Харт Лејн“ во Лондон, Ајакс го совлада Тотенхем со 0:1 по гол постигнат од помалку сомнителна офсајд ситуација пред голот на Лорис.

Зошто Тотенхем и Ајакс се сметаат за најеврејски клубови во Европа

На Стариот континент има неколку клубови кои историски асоцираат со еврејската дијаспора: Тотенхем, Ајакс, Рома, Славија Прага, Краковија, Видзев. Најпознатите од нив вечерва играат во полуфинале на Лига на шампиони.

Во Холандија ќе мирува цела лига додека Ајакс игра со Тотенхем

Челните луѓе на холандската фудбалска лига го одложиле целото коло во првата Ередивизија пред важниот меч на Ајакс со Тотенхем во полуфиналето на Лига на шампиони. Клубовите не баш најсреќни што се поместува распоредот, ама ајде за општо добро е.

Најдраматичната 1 минута во Лига на шампиони сезонава

Ќе речеш што се 60 секунди, што може да биде за една минута, ништо. Ама она што се случи на Етихад синоќа беше прав пример како радоста и тагата може кратко да траат.

Финишот на Етихад со раштиман Титаник

Лигата на шампионите знае да извади натпревари кои ќе се зборуваат со години и ќе останат во историјата како неповторливи. Такво беше синоќешното лудило кое почна во првите 11, а заврши во последните 2 минути. Епски луѓе, епски четвртфинален меч, а уште не бевме свесни од Ајакс.

Неприметниот јунак кој го спаси Тотенхем и кој трпеливо седи на клупа

Скоро и да нема не само фудбалер, туку играч во кој било колективен спорт кој спокојно и мирно седи на клупата за резерви. Единствен таков пример е Фернандо Љоренте, шпанскиот див кој без приговор чека шанса и се става во служба на генерал Почетино.

Кук ли е, рака ли е?

Ваква драма како англиското дерби ретко се гледа во Лига на шампиони. 7 гола, признат гол со ВАР за пласман во полуфинале и троа спорен, па поништен гол со ВАР за елиминација и тоа во 93-та минута. Гвардиола во живот не скокал волку од радост и тоа за џабе.

Луда голеада, Тотенхем и Ливерпул во полуфинале!

Реваншот меѓу Манчестер Сити и Тотенхем донесе незапамтена драма. После 21 минута резултатот беше 3-2, а на крајот вкупно 7 гола и пласман на Хотспур во големото полуфинале. Ливерпул до врв ја наполни мрежата на Порто.

Феноменалната атмосфера на новиот стадион на Тотенхем

Чекаа, чекаа и конечно дочекаа да гледаат фудбал на неверојатно модерниот стадион на Тотенхем, вреден близу милијарда фунти. Хотспур веќе прослави две победи на оваа Арена, од кои една против Манчестер Сити (1:0) во Лигата на шампионите.

Кореецот јунак на Тотенхем нема намера да се жени додека не заврши кариера

Никој не се наслади толку многу на долгоочекуваниот премин на новиот стадион на Тотенхем како Кореецот Сон Мин, кој благодарение на строгоста на татко му и тренерот Маурицио Почетино станал врвен фудбалер.

Лорис одбрани три важни пенали за два месеци

Французинот имал бледа полусезона минатата есен кога се работи за пенали, но затоа во 2019-та година фати неколку исклучително важни пенали, од кои најбитен беше синоќешниот против „граѓаните“.

Тотенхем го доби англиското дерби, Ливерпул со фина предност

Првата четвртфинална битка во Лига на шампиони помина со скромни 3 гола. Фудбалерите на Тотенхем обезбедија минимална победа пред реваншот во Манчестер. Ливерпул ќе биде нешто покомотен бидејќи стигна до резултат кој му ветува ново полуфинале.

Auf Wiedersehen

Синоќа одличен провод имаа и навивачите на Тотенхем кои уживаа во триумфот над Дортмунд и пласманот во четвртфинале од ЛШ.

Цар Душан и Ајакс го прегазија Реал среде Мадрид

Во една од најдобрите вечери во историјата на славниот клуб од Амстердам, Ајакс го понижи Реал и со 1-4 оди во четвртфиналето. Тадиќ со 2 магични асистенции и прекрасен гол заслужено играч на мечот. Кејн го носи Тотнем понатаму.

Тролачко фото на денот

Имаме четири екипи од Премиер лига и телефони кои биле ин во времето кога станале шампиони. Тотенхем најмногу го изеде и го јаде уште.

Магариња на мост

Во мечот во кој Челси со 2:0 го совлада Тотенхем а главна вест беше седнувањето на Кепа на клупа за резерви, Педро и Дени Роуз се однесуваа како деца при еден аут на Азпиликуета во судиското продолжение.

Господин Маурицио Сари со еден потег реши сè

Клучна поента е што Италијанецот го заштити Кепа од реакцијата на навивачите, го испочитува Кабајеро и безболно ја извади целата ситуација со многу важна победа од 2-0 против директен ривал.

Почетино за малку ќе ги заудираше судиите

Барнли со гол во 83' минута го победи Тотенхем 2-1 и толку многу го изнервира тренерот на гостите Почетино кој за малку не се степа со главниот судија Мајк Дин. После мечот се извини за тоа што го направил првпат во 10 години кариера како тренер.

Тренерот на Борусија не се ракувал со Почетино поради грип

Синоќа по првото полувреме без голови на „Вембли“, во вториот дел Тотенхем со 3:0 ја испраши Борусија Дортмунд и веројатно обезбеди пласман во четвртфиналето.

Реал го скроти Ајакс во Амстердам, Тотенхем убедлив против Борусија

По одлична партија на Дортмунд и Ајакс во првите 45 минути, во вториот дел овие два тима беа надиграни и совладани од Тотенхем, односно Реал Мадрид.

Каков погубен податок за Тотенхем

Да навиваш за Тотенхем во англиско, ти е исто како да навиваш за Валенсија во шпанско или Фиорентина во италијанско. Да моли човек за трофеј, а не дека се ова лоши екипи, туку напротив, баш се симпатични и често им прават бељи на екипите од прв ешалон.

Тотенхем цела година е без трансфер, конкурентите за тоа време потрошиле 600 милиони

Во топ европските лиги се затвори зимскиот преоден рок, а во Англија одново се зборува за Тотенхем кој втор прозорец по ред не купува ниту еден играч.

Си знае малиот како

Тотенхем синоќа беше на 10 минути од пораз на домашен терен против Ватфорд, но Сон Хеунг Мин и Фернандо Љоренте го свртеа мечот во 80-та и 87-ма минута. За колку толку да се намали опасноста во судиското продолжение добија од помош од детето кое собира топки. Што мангуп ќе беше, успеа и жолт картон да изнуди, па уште намигнува на крај, демек ги заебал.