Што е со полуфиналињава луѓе? Ова е штетно по срце

Бајката наречена Ајакс стигна до финишот на најелитното клупско европско натпреварување каде ќе игра против Ливерпул на 1 јуни во Мадрид. Тадиќ и компанија овој пат не беа доминантни, туку во драматична завршница спасија г`з. Тотенхем од 2:0 стигна до 2:2 во второ полувреме и сигурно ќе жали, бидејќи беше многу блиску до трет гол вреден финале.

Ве дупчиме, односно ЛШ не дупчи нас. Воведот од овој текст важеше сè до 95-та минута или петтата минута од судиското продолжение во кое Мура стигна до хет-трик и го исфрли Ајакс во полуфинале. На полувреме беше 2:0, на крај 2:3. Земете апчиња да делите за навивачите и играчите на Ајакс и Тотенхем. Ова не е нормално. Нема да заспијат ни едните ни другите.

Англиското финале меѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра на 1 јуни на стадионот Ванда Метрополитано во Мадрид.

АЈАКС - ТОТЕНХЕМ 2:3

1:0 (5 минута) Де Лихт

2:0 (35 минута) Зијеш

2:1 (55 минута) Мура

2:2 (59 минута) Мура

2:3 (95 минута) Мура

8 мај 2019 - 23:05