Таг: тенис

Срам да ти е Новак!

По две и пол години Новак Ѓоковиќ не е тенисер број 1 во светот на АТП листата и местото му го зема Енди Мареј. Дежурните критичари во Србија го распнаа на крст како да клизнал 20 места, а оние што го поддржуваат и сакаат и кога губи, ја препорачуваат оваа статија за читање.

Најштосниот тениски поен

Заборавете на Ѓоковиќ, Федерер, Надал и Мареј. Најфраерскиот ас во тенисот е на еден меч во двојки.

Новак Ѓоковиќ за медитацијата и внатрешниот мир

На семинарот „Љубов и мир“ посветен на медитацијата и јогата, присуствуваше и најдобриот светски тенисер Ѓоковиќ кој одржа краток говор за тоа колку него лично му помага медитативниот процес.

Тениски меч на денот

Ако организациите кои се борат против местенки немаат доволно работа нека го анализираат тенискиот меч меѓу Бенџамин Тулу од Франција и Фабијан Томас од Чешка. Зошто? Гостинов не освоил ниту еден поен.

Најбрзиот пат до полуфинале на УС Опен

Новак Ѓоковиќ синоќа обезбеди ново 10-то полуфинале по ред на отвореното првенство во Њујорк, а доколку се вратиме во историјата сигурно ќе откриеме дека времето за кое стигна на ова полуфинале е рекордно.

Местото на УС Опен кое не го посетуваат Ѓоковиќ и Федерер

Во рамките на тенискиот центар на отвореното првенство во Њујорк има една просторија во која стотици тенисери влегуваат со празни рекети и потоа излегуваат спремни за борба на познатиот Гренд слем.

Aскетот Толстој играл тенис?

За строгите животни правила на Толстој сме пишувале и претходно, меѓу кои потиснувањето на страстите со физичка работа и станувањето секој ден во пет. Никаде во нивне се спомнува за тоа време декадентниот спорт, кого сите (па и Толстој на помлади години) го сметал за буржујска и незрела работа - тенисот.

Знае мангупот како да шармира публика

Новак Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата го освои Торонто, откако синоќа со 2:0 во финалето го совлада Нишикори. По доделувањето на пехарот имаше молба од публиката која му ја ветил на пријател. Баш фино.

Ѓоковиќ зема микрофон на роденден и се распеа

Најдобриот светски тенисер синоќа на роденденот на неговата сопруга Јелена покажа дека знае да удри бекхенд и форхенд со микрофон.

Како тоа сите тенисери се подобри од Ѓоковиќ, освен кога играат тенис

Еве статистички податок после кој нема повеќе дискусија: Ѓоковиќ е прв човек откако тенисот е вистински атомски спорт во кој е истовремено e шампион на сите четири Грен слем турнири. Точка и доволно.

Мој, мој, преку мој на тениски меч

Холандскиот тенисер Робин Хасе загуби поен на АТП Челенџерот во Простејов (Чешка), само затоа што револтиран од неоснованото урликање на противникот Гонзало Лама од Чиле реши и тој да врати со иста мера. Со сигурност најбизрано загубен поен на тениски меч.

Седум главни рекорди на земја на Рафа Надал

Шпанскиот тенисер, кој прв на чело ќе ја води колоната шпански олимпијци летово, постави неколку рекорди на земјените терени поради кои го доби прекарот Крал на земјата.

Новак зборува седум јазици и се разбира во политика, економија, спорт

Поранешниот германски ас зборува за соработката со српскиот тениски ас и причините поради кои му станал тренер. Преговорите траеле два дена во Монако. Ѓоковиќ без Бекер освои 5 Гренд слем титули за 10 години, а со него 5 за 2 години.

Тенисот во еден од најопасните затвори во САД

Еден од култните затвори во САД за кој пееше Џони Кеш, во кој филм снимаше Вуди Ален и во кој лежел Чарлс Менсон и убиецот на Кенеди ги организира најинтересните тениски мечеви меѓу затворениците. „Овде тешко и Надал да победи“, вели еден од осудениците.

Вежбите на анонимниот тенисер од Србија

Она кога те бива од мал, веруваш во својот талент, вежбаш напорно додека другарите ти се шлаат во маало, па уште покажуваш на 15 години кои вежби се корисни.

Аплаузи за овие 5 поени на Индијан Велс

Петти триумф за Ѓоковиќ на Индијан Велс и 27-ми трофеј на АТП 1000. Овој пат него го нема во најтрактивната компилација составена од топ 5 поени на првенството кое синоќа заврши во САД:

Што мисли Ѓоковиќ за заработката во женскиот тенис?

По убедливиот триумф во финалето на Индијан Велс против Раониќ, Новак беше вовлечен во незгодна тема од новинарите кои од него добија одговор дека мажите имаат повеќе публика, играат поатрактивни мечеви и треба да заработуваат повеќе од жените, но додаде дека го почитува тоа што го прават спортистките.

Стомачниот танц на Ѓоковиќ во Дубаи

По уште една победа на турнирот во Дубаи, најдобриот светски тенисер се обиде да научи и некој нов стомачен танц пред тамошните шеици.

Тенисот е подобар за гледање со Дастин Браун

На Челенџерот во Бергамо (Италија), германскиот тениски волшебник Дастин Браун на мечот против Алдин Сеткич  одново покажа дека белиот спорт е игра во која може да има многу нови потези.

Денот кога Австралија се радуваше на Вимблдон

Лејтон Хјуит е четвртиот австралиски тенисер кој успеал да го освои Вимблдон откако турнирот се игра на отворено, а тоа се случи во 2002-та кога имаше 21 година. Синоќа пред своја публика и стави крај на кариерата со пораз од Ферер, но и со потег како да имаше 21.

Јуначки поен за крај на кариерата

Тенисот денеска останува без според многумина најдобриот австралиски тенисер во историјата кој по две децении кариера ги остава рекетите во шупа. Во неговиот богат хајлајтс од кариерата влегува и еден мајсторски поен од последниот меч за кој се окози да го освои.

Како алгоритмите открија местенки во тенисот

Истражувањето на варијациите и опаѓањето на коефициентите во кладилница не се доказ за наместен натпревар, но мала е веројатноста еден ист играч да игра толку лошо секогаш кога против него се вложени многу пари.