Најдобриот светски тенисер изјави дека на неговиот тим пред неколку сезони му предложиле 100.000 фунти за тој да испадне во првото коло на турнир во Русија.
Голем дел од ѕвездите на белиот спорт своите први асови, бекхенди, форхенди и дроп-удари ги учеле на некои од најпознатите тениски академии, основани претежно од поранешни играчи.
Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.
Швајцарскиот ас од Базел ја затвори 14-та сезона по ред во Топ10 листата и веќе на средината од јануари е спремен да тргне одново од Мелбурн. „Австралија Опен е голем објектив за мене. После тоа ме чека долга и тешка година".
Најдобриот италијански тенисер е омилен меѓу публиката каде и да игра, затоа што за него важи народната што на ум, тоа на друм. Не му ја мисли многу и кажува сè на прва.
Годинава му припаѓа на Ѓоковиќ кој целосно доминираше со 11 освоени титули и заработени 21,6 милиони долари, а мајстории покрај Ноле правеа и Федерер, Надал, Ферер, Монфис...АТП го спакува најквалитетното за гледање.
АТП турнирите оваа година имаа вкупен буџет од 151,4 милиони долари кои завршија на сметките на 3.500 тенисери. Ѓоковиќ освои 11 турнири и заработи 14% од таа сума, повеќе од Федерер, Мареј и Надал заедно.
За 81 минута игра, Новак Ѓоковиќ го совлада Рафаел Надал 6:3, 6:3 во полуфиналето на Мастерс купот во Лондон и по петти пат ќе игра во финалето на овој турнир. Во низата врвни потези на двајцата тенисери, се издвои еден за кој аплаудираше и самиот Надал.
Српската тенисерка веќе подолго време е во фокусот и тоа не само кај љубителите на тенисот и спортските новинари, туку и кај луѓето што не се блиски до белиот спорт. Реномираните тениски магазини неколку години по ред ја бираат меѓу најубавите тенисерки на светот, а ние во оваа прилика ѝ го честитаме 28-от роденден.
Познат по своето скромно однесување на и надвор од теренот, Рафаел Надал прилично ја изненади јавноста со скапоценоста на неговиот рачен часовник кој вреди колку и луксузна куќа во САД.
„Ова е најдобрата година во мојот живот, нема дилеми околу тоа. Сè функционира одлично. Многу сум благодарен што можам да играм така добро и да бидам успешен“, изјави најдобриот тенисер во светот кој сезонава има 5 порази на 78 средби и 16 милиони долари заработка само од турнири.
22 годишната Кристина Младеновиќ, родена е во Франција, татко и е поранешен ракометар од Србија, а мајка и поранешна одбојкарка од БиХ. На УС Опен стигна до четвртфинале.
Губиш 5-0 во прв сет и нормално е да дојде до попуштање на нервите по што прв на удар е рекетот. Американката Коко Вандевеге загуби 6-2, 6-1 од сонародничката Бетани Матек-Сандс.
Работата е кампањска, две недели во годината, но бара долга и мачна подготовка, познавање на тениските правила, тренинг и стоење на сонце по 12 часа дневно. За децата е престиж да им држат чадор на Федерер и Ѓоковиќ.
По 2 часа и 56 минути, Новак Ѓоковиќ стигна до својот трет трофеј на Вимблдон, а Роже Федерер по четврти пат излегува поразен од десеттото финале на Ол Ингланд клубот.
Акцијата е во тек, но не е познато за која победа се работи. Веројатно тоа е поради триумфот во осминафиналето на Вимблдон каде Ѓоковиќ два дена се мачеше против Андерсон и по негативата од 2:0 по сетови, успеа да направи пресврт.
Математиката е дека годишно околу 20 натпревари од првата рунда на големите тениски турнири се наместени, и тоа најчесто затоа што е премногу лесно да ги наместиш.
Професионализмот и квалитетот на тенисот, комбиниран со Олд скул тревата и џентлменската публика го прават турнирот кој влезе во 138. година од постоењето, најпрестижен во светот.