„Ништо не оставив во соблекувална. Во кариерата оставив 100% од себе. Со љубов излегував на терен и се натпреварував. Имав многу среќа да можам да го правам тоа 20 години по оред“, изјави Лејтон Хјуит кој со денешниот пораз од Давид Ререр на Австралија Опен и стави крај на кариерата.
А сега поенот на Хјуит против Ферер со вклучен рипит во видеотоПоздрав од Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мареј и Кириос
Нешто повеќе за него:
- На Австралија опен за квалификуваше во јануари 1997 година, еден месец пред неговиот 16-ти роденден. Со тоа стана најмладиот тенисер кој настапил на овој турнир.
- Првата титула ја освои во неговиот роден град Аделаида во 1998-ма откако во финалето го победи својот сонародник Џејсон Столтенберг. По полуфинале го елиминираше Андре Агаси.
- Со 20 години и 9 месеци во 2001 година стана најмладиот светски рекет број 1 со што го урна рекордот на 69 годишниот Американец и шампион на Вимблдон, Елсворт Вајнд кој беше најдобар во светот во 1932-ра на 21 година.
- Првиот Гренд слем турнир го освои на УС Опен во 2001-ва откако во финале го совлада Пит Сампрас.
- Една година подоцнаа стана шампион на Вимблдон, а во финале славеше над Дејвид Налбандијан со 6-1, 6-3, 6-2.
- Двократен шампион со Австралија на Дејвис Куп. Првиот пат во Франција 1999, вториот во Шпанија 2003-та.