Седум главни рекорди на земја на Рафа Надал

Шпанскиот тенисер, кој прв на чело ќе ја води колоната шпански олимпијци летово, постави неколку рекорди на земјените терени поради кои го доби прекарот Крал на земјата.

Неприкосновениот владетел на земјените терени во последните години е во пад на формата и за првпат после четири години пречека една европска пролет со две титули на два турнири.
 
Кога се зборува за падот на Надал тешко е а да не се сетиме на времето во кое секој пораз на Шпанецот на земја беше сензационална вест со денови.
 
49 титули

Со победата во Барселона минатиот викенд, Надал стигна до 49-та титула на земја со што го израмни рекордот на Гиљемо Вилас кој освоил волку трофеи од 1973. до 1983. година. Од 69 титули во кариерата, Надал дури 70% освоил на земја. Од Топ 10 играчите никој нема таков успех на земја како него.

9 титули на Ролан Гарос, 5 финалиња по ред

10 годишното владеење на Надал со Париз има неколку важни црти за одбележување: никој освен него не го освојувал толку пати Ролан Гарос. На отвореното првенство на Франција, Надал е рекордер по процентот на победи, вкупно 70 (97,2%), има победничка серија од 35 меча без пораз и рекордер е со 9 титули и пет финалиња по ред (2007-2012).

Рафа губеше во финалето во 2008 и 2010 од Федерер и Содерлинг.

Победи на Грен Слем од прв обид

Надал во 2005. го освои Ролан Гарос на првото учество на него и го повтори она што во 1982-ра му успеало на Матс Виландер. Матс имал 17, а Надал го освои на 18 години, но Надал до Париз победил пет турнири на земја и бил четврт на АТП листата.

По 9 титули во Монте Карло и Барселона

На своите најомилени турнири во Монте Карло и Каталонија, Надал стигна до 9 трофеи на едниот и на друтиот. Во Монако славеше во првите четири години по првиот настап а во Каталонија во првите три години.

По 9 титули во Монте Карло и Барселона

 

На своите најомилени турнири во Монте Карло и Каталонија, Надал стигна до 9 трофеи на едниот и на друтиот. Во Монако славеше во првите четири години по првиот настап а во Каталонија во првите три години.Земјени Слемови

Надал во 2010. година ги освои сите Мастерси на земја (Монте Карло, Рим, Мадрид) како и Ролан Гарос. Загуби сет само во дуелите со Гулбис во Рим и со Алмагро во Мадрид.

81 победа по ред

Од почетокот во пролетта 2005. година кога 18-годишниот Рафаел Надал во Валенсија го победи Игор Андреев, за три неполни сезони победи на 81 меч на земја по ред: по три титули во Монте Карло, Барселона и Рим, два Ролан Гароса, два летни турнири и четири меча за репрезентацијата.

На мајскиот Мастерс во Хамбург 2007. година, Надал загуби од Федерер (6:2, 2:6, 0:6) и Швајцарецот му ја прекина серијата од 81 победа на Рафа, но овој му се реваншираше три недели подоцна во финалето на Ролан Гарос (6:3, 4:6, 6:3, 6:4). Шпанецот на тој начин ги надмина рекордите во непобедливост на Федерер (56 и 65 на тврда подлога и на трева) и на Лендл и Мекинро кои имаа серија од 66 меча без пораз.

91,8% успешност

390 меча на земја одиграл Надал во кариерата и тоа е шести показател зошто е Кралот на оваа подлога. Рафа е лидер со 358 победи и 92% на успешност на земја. Втор е Бјорн Борг со 86%, а него му се приближува Новак Ѓоковиќ (петто место со 79%).