Таг: сп русија 2018

Од 53 милиони Англичани, во Русија стигнале само 2.500 - криви се англиските медиуми

Да има Светско на Марс најбројни навивачи би биле Англичаните. Но медиумската машинерија направи страшна анти-кампања против Русија, па луѓето решиле да останат дома каде им е побезбедно.

Што работеше полицијата во Исланд за време на мечот со Аргентина

99,6% од луѓето во Исланд во саботата од 15 до 17 часот го правеле истото. Ја гледале својата репрезентација како му вади нерешено на Меси и компанија. Едни од малкумината кои не можеа да гледаат беа на полициска должност.

ВАР проработи, да живее ВАР

Системот за видео-асистенцијана арбитрите секој ден влијае на исходите на дуелите од Светското и има многу докази дека е од корист за правичност на теренот.

Дечки ова е Ростов Велики, а Ростов Дон ви е на 1.294 км од тука

Кога нема да го отвориш сајтот на ФИФА или Википедија и нема да издвоиш барем пет минути за основни информации околу Мундијалот, може да ти се случи и Велес да го бараш во Шведска.

Мурињо ви предложува на кого да се кладите

Откако пред стартот на Светското прогнозираше кои селекции од секоја група ќе одат понатаму, сега после првото коло Жозе Мурињо прави осврт на одиграното.

Лудо славје на Англичаните по пабовите и плоштадите

Со голот на Хари Кејн за победа во 91’ минута, Англија ги освои првите три бода на Светското и ќе може да игра полесно во продолжение без притисок. Навивачите ширум оваа земја а и оние кои беа на стадион прославија френетично.

Наезда комарци на Англија - Тунис

За време на преносот од дуелот Англија - Тунис гледачите можеа да видат како фудбалерите постојано претаат со рацете за да избркаат комарци и мушички на стадионот во Волгоград.

Не е лесно да си Кејн во шеснаесетник

Кога треба да чуваш човек со 135 поостигнати гола за Тотенхем само во последните четири години, тогаш веројатно само боречки зафати вршат работи. Проблемот е што имаше два такви кои судијата ги игнорираше. И Гери Линекер го изговори зборот борење, а дека се чисти пенали се сложија и Фердинанд, Лампард и Ширер.

Кејн ја извади од калта Англија во 91 минута

Со пропуштени шанси во првиот дел и слаба игра во вториот, Англија беше блиску до оние проклети 1:1 на Аргентина и Бразил. Но со гол машината на Тотенхем сè е подруго. Хари Кејн вечерва беше двоен стрелец за 3 бода во групата Г исто колку Белгија.

Белгија фаќа залет за високи дострели

Во првиот меч од групата Г, дебитантот Панама ѝ оддолеа на Белгија во првите 45 минути а потоа следуваа три ефектни гола за први три бода на Белгија во групата.

Шведска може и без Ибрахимовиќ, Скандинавците ја скротија Јужна Кореа

Се одигра и 12. меч на Светското првенство. Швеѓаните освоија три важни бода пред продолжение на групата во која се уште и Мексико и Германија.

Крвавите нереди кога последен пат играа Англија и Тунис

Пред точно 20 години, во 1998 година на Светското во Франција, во Марсеј играа Англија - Тунис. Во градот и околу стадионот три дена имаше нереди во кои 32 лица беа повредени.

Мексиканската влада пријави земјотрес по голот против Светскиот првак

Ете до таму отиде радоста на Мексиканците кои ја урнаа Германија и драстично се доближија до осминафиналето на Мундијалот во Русија. Од многу скокање се вклучил алармот од кој секој човек го фаќа страв.

Мексиканка не го пуштила мажот на Светско, другарите земале картонска фигура од него

На Светското секојдневно има многу интересни приказни и анегдоти, ама тоа што направиле другари на еден Мексиканец е ненадјебиво.

Чаки Лозано - детето со прекар од кукла-убиец е херој на Мексико

Неговите се од Гватемала. Се преселиле во Мексико додека Ирвинг уште бил во стомакот на мајка му а во земјата каде што се родил единствена шанса за успех му била да го прави тоа што најдобро го знае.

Голманот на Египет одбил награда за играч на мечот поради пивара

Фудбалерите на Египет беа тврд орев за Уругвај во вториот меч од првото коло во групата А, а и покрај поразот од 1:0, голманот на Египет беше прогласен за најдобар поединец на мечот.

Премиерот на Австралија побара да се решат проблемите со преносот на Светско

Малком Трнбол, премиерот на Австралија во директно обраќање до шефот на тамошниот носител на тв права за Светското побарал што поскоро да ги средат проблемите од техничка природа за народот да може да гледа Мундијал како што треба.

Човекот кој сакаше да го убие Меси за пеналот

Аргентина тргна лошо на Мундијалот и ги разочара своите навивачи со оние 1:1 против Исланд. Ама овој што го снимиле скрена целосно и претпоставуваме дека ставил многу пари на Гаучосите.

Чичарито плачеше за време на химната

Мексико го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското откако го победи светскиот шампион. Во земјата тотално лудило а пред мечот Чичарито се расплака на интонирање на химната.

Фото на денот

Навивачи на Мексико и Колумбија држат навивач на Египет во количка за да може да го гледа дуелот на неговата репрезентација.

Исландскиот коментатор кога на Меси му одбранија пенал

Сигурно не сте го заборавиле по шоуто на Европското 2016. Гудмундур Бенедиктсон или скратено Гуми Бен. Кога Ханес Хандорсон му одбрани пенал на Меси збудале од среќа.

Студен туш за Германија и Бразил, Мексико во транс

Светскиот шампион Германија изгуби 0:1 од Мексико а Швајцарците го задржаа Бразил на 1:1 и освоија драгоцен бод.

Еврогол на Коларов за три бода за Србија

Со мајсторијата на фудбалерот на Рома во 56' минута, репрезентацијата на Србија победи со 1-0 на отворањето на групата Е во која се уште и Бразил и Швајцарија.

Наставничке баталете предавање, Уругвај игра

Финале ли е или групна фаза? Уругвај го победи Египет со 1:0 на минута до крај, а од тоа произлезе најубавото видео до сега на Мундијалот. Ни доаѓа од едно уругвајско школо каде не се знае кој каде трча. Срцки.