Без блескава игра, но со искуство и поквалитетен играчки кадар, селекцијата на Хрватска ја доби Нигерија со 2:0, но без ниту еден нивни гол од игра. Првиот беше автогол, а вториот пенал кој за разлика од претходните на Аргентина и Перу, Модриќ го претвори во погодок.
Селекцијата на Перу доби пенал на крајот од прво и не го искористи, а можеше многу порано уште на стартот на мечот да добие уште еден. Сè се случи пред очите на судијата, кој не почувствува потреба ниту да се повика на ВАР, а имаше прекршок.
Лионел Меси и Кристијан Куева се двајцата несреќници во третиот мундијалски ден со промашен пенал. Треба да одат на часови кај Томас Дилејни од Данска кој има специфичен нишан.
Во вториот натпревар од Ц групата, Данска го совлада Перу со 1:0, а Кристијан Куева во финишот од првиот дел се посрамоти со удар кој заврши високо над голот на Шмајхел.
Дебитантот на Мундијалите го скроти двократниот Светски првак кој и покрај ултра силниот напад со Меси, Ди Марија и Агуеро, како и Дибала и Игуаин на клупа не успеа да ја совлада малата островска земја. Асот на Барселона на 1:1 пропушти златна шанса да го реши мечот.
Селекцијата на Франција ги освои планираните 3 бода во групата ц, каде е фаворит за првата позиција. За головите на Франција помогнаа ВАР и гол технологијата со чип во топката која фунционира беспрекорно за разлика од судиите кои работат во кабина.
Во дербито на првото коло видовме шест убави голови а Кристијано Роналдо постигна три гола од кои третиот за бод беше право ремек дело од слободен удар. Португалија - Шпанија 3:3.
Вториот меч на денот, а прв во групата Б попладнево се одигра во Санкт Петербург на стадионот „Крестовски“ пред 62.548 гледачи. Трите бода ги освои Иран кој победи со автогол на Бухадуз.
По петардата на Русија над Саудиска Арабија на отворањето во Москва, денес во вториот меч од групата А во Екатеринбург Уругвај потешко од очекувањата го скрши отпорот на „Фараоните“.
Од лево на десно седат: Самуел Ето, Чави, Икер Касиљас, Карлес Пујол, (ќелавото не го знаеме), Диего Армандо Марадона и Роналдо. Тоа се тие ѕверови од три различни континенти на едно место, во ложата на Лужники во Москва.
Домаќинот Русија го отвори Светското првенство како вистински газда со висока победа над Саудиска Арабија со 5:0. Ајде вака нека е со голови цел Мундијал.
Реал ѝ го украде на Шпанија селекторот Лопетеги а во меѓувреме фудбалерите на „кралскиот клуб“ даваа кратки пораки зошто би требале да навиваме за нивната земја.
Пратењето на фудбалската топка не е единствениот приоритет на камерманите. Тоа го знаеме ние, а го знаат и тие кои ќе снимаат. Исто така битно е во режија да бидат сконцентрирани за да добиеме што поубав пренос.
За него еднаш Роналдињо кажа дека е единствениот кој имал повеќе дриблинзи од него. Нигериецот не направи којзнае колку богата кариера ама им остана во сеќавање на сите носталгичари кои ги поздравува од фан зоните во Москва.
На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.
Жени вака сега или еве да не се налутат, невљубеници и невљубенички во фудбалот. Од денеска во следните месец дена планираме јако да се бетонираме пред телевизиор, а тоа значи целосно разбирање од ваша страна и повеќе празен простор во фрижидер за складирање на пиво. Почнува.
Отворањето на Мундијалот е закажано за 17 часот кога први ќе заиграат домаќинот Русија и Саудиска Арабија. Ама навивачите на Перу се нестрпливи и веќе им работи адреналинот. Во ситуација кога во својата земја не можат да плешат фудбалче на јавен простор бидејќи многу им било украсено, царевите си направија голчиња на плоштадот во главниот град на Русија. То бе ѕверови.
Дојде и тоа што го чекавме четири години. Месец дена ќе уживаме во најдобриот фудбал на светот. 32 репрезентации собрани на едно место ќе покажат што знаат. Да ги запознаеме.
Легендарниот капитен на Реал Мадрид кој неколку години работи во шпанската фудбалска федерација и официјално е назначен за заменик на сменетиот Хулен Лопетеги.
Шок во таборот на шпанската репрезентација во пресрет на Мундијалот. Фудбалската федерација го отпушти Хулен Лопетеги од селекторската позиција, а за два дена играат против Европскиот првак.
Се вика Франк Фабра и на Мундијалот во Русија требаше да биде стартен лев бек на репрезентацијата на Колумбија. Но на неколку дена пред летот за Русија тој ги скинал предните вкрстени лигаменти од левото колено и сонот му станал ноќна мора.
Со помош на трендови, статистики и шаблони од минатите турнири, БиБиСи елиминираше 31 земја и донесе заклучок кој ќе биде крунисан како Светски првак. Ако шемава им се покаже како точна, прв пат ќе и биде на оваа земја со пехарот в раце.