За слободни удари му немаше рамен. Тоа беше негова специјалност. Доктор. Кога се местеше да шутира, живиот ѕид крадеше од линијата, а на голманите гаќи им се тресеа. На 13 декември 1998-ма Лацио ја пречекува Сампдорија дома и ја испраќа со пораз од 5:2. Синка им даде три, сите од слободен удар. Нешто невидено и неповторено во фудбалот и после 24 години.
Во денови на прекрасен и возбудлив фудбал во Катар полн со адреналин и изненадувања, каде остана уште големото финале Франција - Аргентина, од Италија пристигна грда вест. Михајловиќ почина на 53 години.
На 5 април им се јави на играчите и им рече: „Ќе се борам заедно со вас, а сигурен сум дека и вие кога ќе излезете на терен ќе се борите малку и за мене. Еднаш го поминавме ова заедно и пак ќе го поминеме“.
Откако тренерот им е во болница и тоа по втор пат на лекување од леукемија, Болоња нема пораз на сите пет меча. Синоќа го симнаа од тронот Интер кој се бори за Скудето, а момците му направија изненадување на Синиша Михајловиќ со аплаузи и песна.
„Физички нема да бидам присутен, ама со мислите сум постојано со вас. Еднаш го поминавме ова заедно и пак ќе го поминеме. Немам сомнеж во тоа. Таков е животот. Тој не е права линија, туку има кривини, падови, подеми и неочекувани дупки во кои можеш да паднеш и треба да бидеш силен да станеш“.
Синиша Михајловиќ зборува на тема Црвена Звезда, ама онаа од најславното, неповторливо, југоносталгично фудбалско време во Југославија. Во Војводина играл за 5.000 марки годишно, а Динамо и Хајдук му нуделе по 150.000 плус Мазда. Но ја одбира Звезда и го прави успехот по кој вели дека можел и да умре.
Синиша и Аријана имаат три ќерки и два сина. Епа Вирџинија е трудна, а од веста направи видео во кое ја има реакцијата на најблиските. „Што бе, се шегувате? Годинава? Ми доаѓа да плачам“, вели стратегот на Болоња.
Навивачите на Милан се прашуваа како настапот на дури 5 фестивалски вечери ќе се одрази на игрите на Ибрахимовиќ во црвено-црниот дрес во остатокот од сезоната, но попладнево клубот објави дека тој поради повреда можеби ќе пропушти 3 меча: Јунајтед, Верона и Удинезе.
Прав борец кој никогаш не крие што му лежи на душа. Играше во многу големи клубови, освои многу трофеи и е прав пример за тоа како човек никогаш не треба да се предава.
Човекот чиј животен пат сигурно заслужува игран филм, на крајот од минатата година во Италија објави автобиографија во која раскажува за своите догодовштини од родното Буково кое го зафати воен виор, преку царскиот живот во Белград и успехот во Италија.
Поради театарската атмосфера и ехото кое се прави без публика, до сега чувме како пцујат играчите на Милан и Њукасл. Синоќа во Серија А се сретнаа Аталанта и Болоња, а сочни пцовки летаа од устата на Михајловиќ кој му се сипа на Гасперини.
Едниот играше во Интер, другиот во Милан, а синоќа се појавија на терен како тренери на Болоња и Наполи 1:1 и во еден момент седнаа на иста клупа. Ете тоа е фудбалот кој го сакаме. Џентлмени.
14 години како се повлече, леукемија победи и ништо од тоа не му влијае во неговата специјалност за изведување слободни удари. Погледнете како лабаво го шета голманот и колку лесно ги пика во агол. Да не знае човек ќе помисли ова е Синиша на 31, а не на 51 година.
Биеше битка со една од најтешките болести која ја победи со дисциплина и срце. Потоа дојде проклетата корона, а со неа и карантинот. Но Синиша Михајловиќ е голем борец. И покрај сите заебанции, утринава се појави во тренинг кампот на Болоња.
Карантинов го укотви фудбалскиот свет дома во фотеља, а и тие што не беа по социјални мрежи, сега се активираа, бидејќи сконтаа дека таму е забавата. Бобо Виери е прв на тие релаксирани он лајн средби, ама се отвори и човек од кој и не очекувавме баш дека ќе каже смешка. Роберто Манчини.
Го носи прекарот „Питбул“, што не е за фалење нели, а на терен и надвор од него има направено низа инциденти. Синиша Михајловиќ до вчера излезе од болница каде се бореше со смртоносна болест, а тој фати и со него да се тегне и оправа. Плус тренер му е.
Стандардно на неколку дена пред католички Божиќ, клубовите организираат забава, чисто колку заедно да го одбележат празникот. Онаа на Болоња мина во знакот на Синиша Михајловиќ кој ја имаше најтешката година во животот.
Големиот фајтер кој во бори со леукемија, а со мислите е како Болоња да победува, синоќа се обрати на видео бим на стадионот Ренато дал Ара, каде неговиот клуб организираше голема фешта.