Синиша Михајловиќ и Клаудио Каниџа играа заедно во Рома во периодот 1992-1994, а една сезона ги водеше Вујадин Бошков. Го ангажираа од Сампдорија на која им ги донесе најјаките успеси во историјата. Пет трофеи од кои едно Скудето, единствено во нивното постоење.
Арно ама Бошков ти е стар ков на тренер кој проверува дали се играчи легнати на време. Нема диско. Се знае кога треба да се приберат.
Ама легендарниот напаѓач кој беше еден од клучните играчи на Аргентина на Мундијалите 1990 и 1994, многу лесно го измамил наивниот Бошков. Ќе ви раскаже Михајловиќ како:
„Тоа беше 92-ра кога само што беа излезени мобилните телефони. Бошков како и другите тренери во тоа време во 23 часот се јавуваше дома кај играчите за да види дали се прибрани. Јас бев излезен на вечера со Каниџа. Се враќам дома околу 23:30 и жена ми дома ми вика Бошков те бараше. Се обидов да му свртам, ама не одговараше.
Следниот ден на тренинг целиот нервозен. `Вие не сте професионалци, тебе Синиша те барав, каде беше. Му одговорив дека бев да вечерам и се вратив во 23:30, не дека се вратив дома во 2 по полноќ. Вие сите така правите, а најголем професионалец е Клаудио Каниџа, секогаш е дома.
Бевме заедно на вечера, како може тој да е дома, а јас не. Завршува сè и потоа го прашувам Каниџа: Како бе така ти си дома, а јас сум излезе кога заедно бевме. Фората било во тоа што Каниџа му го дал бројот на Бошков, ама од мобилниот и секогаш кога му се вртел овој одговарал дека е дома“.
Инаку Каниџа не го гледаме нешто да се експонира во јавност, за разлика од ќерка му Шарлот која е модел.