Таг: шалке

Навивач со пиво од трибините станал резервен судија во Бундеслига

Во Германија фудбалот се сака толку многу што во истовреме можеш да бидеш и навивач и четврти судија како оној во Гелзенкирхен.

Германија е тоа, ништо не препуштаат на случајот

Во Бундеслигата во моментов работат 6 главни тренери помлади од 40 години. Двајца од нив - Јулиан Нагелсман и Доменико Тедеско се главни претставници на новата генерација, потекнуваат од локална тренерска школа и во 2017-та направија револуција во германскиот фудбал.

Најјаката божиќна фудбалска атмосфера

Шалке и Келн играа куп натпревар, а нивните навивачи покажаа каква магична атмосфера може да се направи на стадион со жижици. Да со жижици, истите тие за кои бабите нè караат да не го избориме килимот. 

Маицата која мора да ја има секој навивач на Шалке

25 ноември 2017-та ќе остане историски датум во германскиот фудбал, пред сè за браќата на Комитите кои најдоа начин како да го одбележат. Што е уште поинтересно за тоа се погрижи самиот клуб, а не навивачите.

Хичкок бундеслигашко дерби со 8 гола

Кам бекот на Севиља со Ливерпул во Лига на шампиони не беше ништо. Пазете денеска што се случуваше во големото дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке. До 25-та минута Милионерите имаа 4:0 и “сигурна“ победа, а од 61-ва до 94-та гостите стигнаа до неверојатен кам бек од 4:4 кој долго ќе се раскажува во Германија.

Знаете ли за играчот кој одиграл само 38 секунди во Бундеслига

Веројатно никогаш претходно не сте слушнале за овој фудбалер. Јозеф Лауман - син на Германец и Мароканка, роден во земјата на мајка му и преселен во германскиот Хаген на 10 години. Ја грееше клупата во најдобриот Шалке.

Голема борба на германските ултраси против сојузот

Минатата недела конфликтот меѓу германските ултраси и Германскиот Фудбалски Сојуз зема широк замав не само во земјата туку и во Европа.

Денот кога Шалке беше шампион само 4 минути

Тоа што му се случи на Баерн Минхен во финалето од ЛШ 1999-та против Манчестер, слично нешто му направи на Шалке две години подоцна. И неутрален навивач да го гледа овој развој на настаните сигурно ќе се возбуди, а да не зборуваме за оние што им се најверни.

Прекрасната кореографија на УГЕ Шалке

На мечот против Хамбургер во Бундеслигата, преку 50.000 навивачи на Шалке кои се во братски однос со скопските Комити, направија фантастична кореографија на денот на кој пред 20 години го освоија Купот на УЕФА. На крајот соопштија дека целата кореографија чинела 119.991 евра (исклучително од донации на навивачите, без учество на управата на клубот)

Дејан vs Ноер, волеј кој не се повторува

Поминаа 6 години, а како вчера да беше еден од најлудите голови видени во Лигата на шампионите кој падна на мечот меѓу Интер и Шалке. Ваков гол еднаш се дава и еднаш се прима, а тоа го знаат и Станковиќ и Ноер.

Навивачите на Ајакс со Боб Марли одат во полуфинале

Најмладиот тим во завршницата на Лига Европа направи неверојатен подвиг откако со играч помалку во продолженијата му даде два гола на Шалке на гости и се пласираше во првото полуфинале после 97-ма година. Момците дојдени од Амстердам прикладно го прославија пласманот со хит на Боб Марли.

3 продолженија на 4 меча, Манчестер Јунајтед чекор поблизу до Скопје

Првпат во историјата на европските натпреварувања во четвртфинале на три од четири меча се играа продолженија. На крајот среќата на страна на: Aјакс, Јунајтед и Лион кои ѝ се придружија на Селта Виго. Златан тешко се повреди на крајот од мечот.

Кој ќе ја освои Лига Европа?

Манчестер Јунајтед е главен фаворит, но Лион се поставува како најреална закана, додека Селта Виго сака да ја продолжи неверојатната шпанска доминација во ова натпреварување.

На голманот на Шалке треба да му покачат плата за ова

Шалке загуби 2:0 од Ајакс на синоќешните четвртфинални натпревари во Лига Европа, а Ралф Фахрман да не фатеше пола од овие топки ќе загубеа 7:0. Човеков се претвори во Буфон и Ноер заедно и оствари топ 10 одбрани, да 10. Еве ги во пола минута.

Фудбалерот кој се покаја за развратниот живот и тргна од нула

Кога на 18 години добиваш 5 милиони фунти годишно не знаеш што попрво да направиш со себе и мислиш дека можеш да го имаш целиот свет. Кога ќе се погледнеш во огледало еден ден ќе сфатиш дека си правел само глупак од себе и ништо друго.

Упадот на навивачите на Шалке во солунско кафуле

По сериозните најави, инциденти меѓу грчките и германските навивачи се случиле ден пред мечот ПАОК - Шалке кој заврши 0-3. Група германски хулигани нападнале гости во солунско кафуле и рушеле сè пред себе.

Журката на пријателите на Комити во Салцбург

Шалке убедливо со дури 15 бода го освои првото место во својата група во Лига Европа, така што навивачите на овој клуб, познати под името УГЕ (Ултрас Гелзенкирхен) вечерва се журкаа во Салцбург каде играше нивниот тим.

Интер пред испаѓање од Европа, Османлиспор го освои Мадригал

Ни отказот на Франк Де Бур не ги размрда Нераѕурите кои вечерва го претрпеа петтиот пораз на последните осум средби. Виљареал неочекувано потклекна дома и загуби од турскиот Османлиспор, а Грците не знаат за победа.

Втората младост на Боатенг во Лас Палмас

Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.

Како се мотивираат фудбалери пред дерби

Шалке викендов го игра големото дерби во Бундеслигата на гости против Борусија Дортмунд за кое навивачите живеат секоја сезона. Затоа тие се погрижија последниот тренинг пред мечот на сезоната да е поразличен од другите.

Кога ми се јавија од репрезентацијата бев на час

Младите ведети на германската репрезентација, Јулијан Дракслер и Јонас Хектор играат одлично Европско првенство, иако до пред неколку лета не помислувале дека може да го носат дресот на Мајншафт.

Бекот на Фулам што одеше со велосипед на натпреварите

Мориц Фолц е еден од првите таленти забележани од Арсен Венгер. Како Германец во Лондон не им го разбирал брзото зборување, па дури и на прашањата кој број сакаш да го носиш одговарал со јес јес. И покрај тоа стана еден од најомилените странци кои играле таму.

Тренерот кој им избега на Штази агентите

Како селектор на младинците на Источна Германија, во Суботица паѓа во искушение да бега кон Западна Германија, а во меѓувреме избегнува труење од страшната служба за државна безбедност, Штази. Станува херој кој спаси неколку бундеслигаши од испаѓање.