И покрај големиот притисок на гостувањето во Виго каде ако изгубеа, извесно ќе ја изгубеа и титулата, фудбалерите на Реал со 1:4 ја згромија Селта и сега бод ги дели од титулата која не ја освоиле 5 години. На крај знаеа да го прослават триумфот.
Серхио Рамос не за џабе има 22 црвени картони во кариерата. Да беа судиите повнимателни вечерва ќе го добиеше и 23-от и ќе го испуштеше реваншот од полуфиналето во ЛШ. Не бива ова.
Од финалето во Супер купот против Севиља во август минатата година па се до овој месец, Серхио Рамос го извади Реал Мадрид осум пати, но тоа го прави веќе неколку сезони, а да не беа неговите голови Кралевите ќе имаа и помалку трофеи и помалку пари во каса.
Нема коло да помине а одличниот стопер на Барса и Шпанија да не го зајаде Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Мурињо или фудбалскиот сојуз. Џабе го казнуваа, џабе му се закануваа, тој едноставно не може да се помири со мадридизмот и се храни со провокации.
Фудбалерите на Реал Мадрид често пати се случува први да примат гол и потоа да се вадат, а прашање е дали ќе се вадеа ако го немаа капитенот кој царува во шеснаесетникот кога треба да се скока на корнер. Не за џабе го викаат “todo terreno“.
Во првиот мандат на новиот претседател на Реал Мадрид, на Сантијаго Бернабеу дојде само еден Шпанец по име Серхио Рамос кој тоа лето 2005-та година стана најскапиот шпански тинејџер.
Навивач на Реал Мадрид на неделниот дуел против Сосиедад решил да дојде со бело платно на кое пишувало „Серхио, ако ми го дадеш дресот, ќе ти дадам пола кило месо“. На крајот и волкот сит и овците на број.
Дава голови во сите натпреварувања каде што игра Реал Мадрид, а навивачите носат дресови со неговото презиме и броевите 92:48, моментот кога Серхио Рамос даде гол против Атлетико во финалето на ЛШ во 2014-та во Лисабон и обезбеди продолженија.
Од 112 меча од кога Пике дебитираше за Шпанија, само три пати на списокот не биле заедно со Серхио Рамос. Во Гранада Несторовски, Пандев и напаѓачите ќе се надмудруваат со Бартра, Начо, Хуанфран, Ињиго Мартинез и Азпиликуета.
Последниот настан во кој Мората дава гол за Реал, а Кристијано во исто време крева рака како да сугерира дека соиграчот му е во офсајд одново ја разбрани јавноста. Сите се прашуваат дали еден од најдобрите фудбалери во историјата тоа го прави свесно или ненамерно.
Во ситуација кога напаѓачите спијат или не им оди, се чека гол од позадина. Тоа често знае да се случи во Реал Мадрид кој се потпирал на Карлос, Јеро и сега Рамос.
На 24. мај 2014-та година Реал и Атлетико играа во финалето на Лигата на шампионите. Кралевите тогаш се спасија со израмнувачки гол во 94. минута, а во продолженија славеа со 4-1. Во сабота Атлети ќе има шанса да им се одмазди за болниот пораз.
Сигурно сте ги заборавиле реакциите на нашите коментатори за голот на Оле Гунар Солскјер против Баерн 99-та? Или англискиот коментатор Мартин Тејлор после златниот гол на Кун Агуеро за Сити во последното коло на Премиер лигата? Или оној на Серхио Рамос против Атлетико Мадрид?
Фудбалерите на Реал одлично ја играат пред-сезоната каде веќе ги добија Ман. Сити 4-1 и Интер 3-0. За триумфот против Интер, Бенитез им дал слободно, па во базен се брчкаа и жонглираа Серхио Рамос, Начо и Иско.
Еден од соиграчите кој го допре во срце емотивното збогување на Икер Касиљас е Сехио Рамос со кој се радуваа и тагуваа заедно од 2005 година. Дефанезивецот на кралевите објави видео со мал дел од нивните заеднички моменти.
Човекот кој во Севиља дојде пред 15 години, на клубот му донесе 200 милиони евра, четири трофеи во Лигата на Европа и покажа дека шпанскиот фудбал не се само Реал и Барселона.
Реал Мадрид ја одби богатата понуда на Манчестер Јунајтед за Рамос, но во клубот се свесни дека заминувањето на дефанзивецот е реално, така што сега бараат алтернативно решение.
На Сантијаго Бернабеу врие како во котел, откако играчите се свртеа против управата. Рамос, Роналдо и Касиљас, секој од свои причини се револтирани од односот на Флорентино Перез.
Стефан Раду и Џорџо Кјелини синоќа по 10 минути игра поставија резултат од 1:1 во финалето од купот на Италија. Иако главната работа на дефанзивците е да го бранат голот, тие често знаат и да решат натпревар.
По доаѓањето во Реал Мадрид, претседателот Флорентино Перез од 2000-та до денес потрошил дури 90,8 милиони евра за фудбалери кои играат на позиција десен бек.