Што ќе правите кога губите да не е тимбата на Рамос?

Фудбалерите на Реал Мадрид често пати се случува први да примат гол и потоа да се вадат, а прашање е дали ќе се вадеа ако го немаа капитенот кој царува во шеснаесетникот кога треба да се скока на корнер. Не за џабе го викаат “todo terreno“.

Од 2014-та година до сега Реал Мадрид освои по два пати Лига на шампиони, Светско клупско првенство и Супер Куп на Европа и еднаш Копа Дел Реј, но тешко дека сега ќе ги имаа сите овие важни трофеи, ако Флорентино Перез во 2005-та не направеше остапка и меѓу ѕвездите не го донесеше тинејџерот од Севиља, Серхио Рамос.

Добија ем столб во одбрана, ем играч со страшна голгетерска бројка од 67 погодоци на сите натпреварувања за Реал Мадрид. Ја споменавме 2014-та бидејќи статистиката за головите на Рамос извади еден неверојатен податок кој потврдува дека без него ќе се чешале.

Од вкупно 21 гол кои ги постигна за Реал Мадрид, почнувајќи од финалето во ЛШ 2014-та, дури 18 ги постигнал кога Кралевите губеле или било нерешено. Тоа само потврдува колку пати Рамос го спасувал својот тим од пораз.

Веќе знаете за неговите важни голови во нокаут фазата и финалињата како што се оние против Атлетико Мадрид во ЛШ 2014-та и 2016-та, па затоа сега ќе се држиме на она што е најтазе.

Оваа сезона Рамос постигнал гол на 8 средби, а дури 7 од нив биле клучни за Реал Мадрид да не загуби, па сега вие проценете сами од колкава важност се неговите голови.

РЕАЛ МАДРИД – СЕВИЉА 3:2 (9 август 2016, Супер Куп на Шпанија)

РЕАЛ МАДРИД – ВИЉАРЕАЛ 1:1 (21 септември 2016, Ла Лига)

БАРСЕЛОНА – РЕАЛ МАДРИД 1:1 (3 декември 2016, Ла Лига)

РЕАЛ МАДРИД – ДЕПОРТИВО 3:2 (10 декември 2016, Ла Лига)

РЕАЛ МАДРИД – МАЛАГА 2:1 (21 јануари 2016, Ла Лига)

СЕВИЉА – РЕАЛ МАДРИД 3:3 (12 јануари 2016, Копа деј Реј)

НАПОЛИ – РЕАЛ МАДРИД 1:3 (7 март 2016, Лига на шампиони)

Хипотетички, Реал Мадрид без головите на Рамос ВЕРОЈАТНО ќе загубеше од Виљареал, Реал Мадрид и Малага, а ќе одиграше нерешено со Депортиво. Тоа се 7 бодови помалку во Ла Лига. Исто така Реал Мадрд без голот на Рамос во 92-та, ВЕРОЈАТНО немаше да го освои Супер Купот на Шпанија.

Уште еден важен податок до кој дојдовме. Последните седум голови на Рамос во Лига на шампиони ги постигнал во нокаут фазата.

Сите негови голови во кариерата:

697 меча, 81 гол во професионален фудбал
140 меча, 10 гола за Шпанија
3 меча на Клупско Светско првенство, 2 гола
2 меча, 1 гол во Супекуп на УЕФА
6 меча, 1 гол во Куп на УЕФА
99 меча, 11 голови во Лига на шампиони
10 меча, 2 гола во Супер Куп на Шпнија
44 меча, 4 гола во Копа дел Реј
393 меча, 50 гола во шпанска Примера

Денешната насловна на Марка

Ако ви се чита уште за него:

КОГА ФЛОРЕНТИНО ПЕРЕЗ СЕ РЕШИ ДА ГО КУПИ РАМОС

КОЛКУ ЗНАЧИ ДА ИМАШ ДЕФАНЗИВЕЦ - ГОЛГЕТЕР

СТОПЕРОТ ОБЛЕЧЕН ВО НАПАЃАЧКО ОДЕЛО

8 март 2017 - 14:43