Солзи и 19 трофеи за Икер Касиљас

По 16 минати сезони и 725 одиграни мечеви за првиот тим на Реал Мадрид, легедарниот шпански голман од преголема возбуда едвај ја почна прес конференција на која се збогуваше со клубот каде дојде во 1990-та како деветгодишник.

Касиљас заминува во Порто по 5 првенствени тилути во Ла Лига, 2 титули Копа дел Реј, 4 Шпански Супер купови, 3 во Лига на шампиони, 2 Европски Супер купови, 2 Интерконтинентални купови и едно Светско клупско првенство со Реал Мадрид во чија школа се калеше од 1990 до 1998 година. Трофејот как капитен го подигна седум пати и одигра 11 финалиња од кои загуби само две.

Прес конференцијата ја почна вака:

Целиот прес

Марка му изброи:

43.965 минути во Ла Лига
3.528 минути во Копа дел Реј
1.170 во Супер куп на Шпанија
180 минути во Супер куп на Европа
180 минути во Интерконтинентален куп
270 минути во Светско клупско првенство
13.628 минути во Лига на шампиони
1.656 интервенции во Ла Лига
488 интервенции во Лига на шампиони
13 тренери
6 претседатели
210 соиграчи
11 голмани
310 пати играл со Мишел Салгадо
5.104 пати го имало во он лајн изданието на Марка и преку 500 пати во магазинот

12 јули 2015 - 14:50