Таг: рк вардар

Гледај и учи ракометна Европо!

Пишуваа како главните ѕвезди си заминуваат од тимот, дека Вардар мака ќе мачи во групите, дека Вардар нема шасна да ги помине, најавуваа празна сала...

Парондо го кренаа во раце, Џамбо им влезе во соблекувална

Вардаровото лудило во Унгарија го красеа и македонски навивачи кои никогаш не го оставаат тимот  сам. Во соблекувалната па играчите ги изненади Страхиња Милиќ кој и покрај тоа што го избркаа од тим, дојде и ги бодреше на лице место. Сменија тренер, си заминаа играчи, останаа без пари и газда, ама срцето на Вардар никој не може да им го земе.

Тимур легендо вардарова

Еден од првите кој по објавата на сопственикот Самсоненко дека заминува од Вардар вети дека без оглед на сè до крај ќе се бори за црвено-црните бои, одигра маестрална партија на реваншот со Сегед. Еден од неговите чудесни погодоци беше можеби клучен во топењето на негативата.

Јуначки Вардар е на Фајнал Фор!

Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!

Бевте инспирација во сите овие години

Ќе изгуби многу европскиот ракомет ако се сеќаваме на овие денови само преку приказни на Јутјуб. И навистина, што повеќе го има израдувано тој народ од ракометот, играта за која се немаат пари, а која е поевтина од фудбалската и кошаркарската индустрија?

Хемијата меѓу Вардар и Комити низ објективот на ЕХФ

Не се гледаат и доживуваат овие сцени во секоја европска ракометна метропола. Скопје во Јане Сандански ниту посебен спектакл и жар кој имаме привилегија да го почувствуваме во живо. Синоќа беше посебно емотивен, а тоа го знаеше и ЕХФ.

Му благодариме на Сергеј

Иако ова е најава (емотивна најава) за мечот со Пик Сегед која дури сега ја гледаме, сепак вреди да се погледне бидејќи буди емоции кај секој Вардарец. Како збогување со овој европски Вардар имаме дел од говорот на Сергеј на плоштад кој од возбуда вели: „Не можам да зборувам срце ми дише надвор од тело“.

Цела сала грми за Вардар, никој не си оди

Кога Вардар меле во Лига на шампиони обично на крај во сала остануваат да пејат само Комитите. Но овој пат и петнаесетина минути по завршувањето на средбата, Јане Сандански не се празнеше. Сите сакаа да бидат што подолго дел од оваа емотивна победа на хероите кои пред две години испишаа нова ракометна историја со златни букви.

Проектилот на Криштопанс за делириум во Јане Сандански

Долго ќе се раскажува последниот меч на овој ѕвезден Вардар финансиран од Сергеј Самсоненко во оваа сала, а богами и последниот гол. Две секунди до крај изгледаа малку за уште еден гол и предност од +8, ама не и за летонскиот џин кој стави печат на извонредниот меч на Вардарци.

Со срце на терен и без мисли за проблемите Вардар го суреди Пик Сегед

Шокантното соопштение од газдата на една недела пред мечот на сезоната, воопшто не им влијаеше на Вардарци. Момците на Парондо одиграа машки на првиот четвртфинален меч од Лига на шампиони, а тоа им донесе убедлива победа од високи 8 гола разлика.

Столе: Сергеј лично не ни кажа ништо

По неочекуваното петочно попладневно соопштение на сајтот на РК Вардар во кое се обрати Сергеј Самсоненко дека по крајот на сезонава го напушта клубот, коментар за ситуацијата даде и капитенот.

Спортот во Македонија е играчка за богатите, епизодна забава за народот и скршен сон за младите

Тој ментален албум со пријатни спомени нема да ни го избрише никој, но истовремено другите оддели на мозокот не може, а да не прашаат: Зошто баш сега господине Самсоненко? Мораше ли оваа писание да добие живот на денови до најважниот натпревар во сезоната?

Специјална мултијазична поддршка од Вардарци до Диско

Кристијан Дисингер одигра скоро едно полувреме од финалето во СЕХА лигата против Загреб бидејќи заработи тешка повреда на раката. По освојувањето на титулата, Вардарци од соблекувална го поздравија на повеќе јазици, а најјак беше делот кога Столе се одра од смеење на летонскиот јазик на Кристопанс.

Вардар по шести пат е во четвртфинале, реваншот со Загреб тежок

Ракометарите на Вардар уште пред една недела го чекираа пласманот во 1/4 финале по убедливиот триумф во Загреб, но вечерва во Скопје прописно се испотија.

Вардар го згази и го понижи Загреб на нивни терен

Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.

Остај ти Трамп, Вардар игра во ЛШ

Пази ова. На Фејсбук кружи фотографија како некој за време на говор на Претседателот на САД, ја пушта во живо Вардар за да гледа како му држи лекција по ракомет на европскиот првак Монпеље.

Европскиот првак падна во Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го совладаа Монпеље, но не го освоија второто место во А групата. Не беше нож до коска да се победи францускиот противник, но ако Веспрем загубеше од Кјелце Црвено црните ќе добиеа малку полесен противник во осминафинале.

Вардар освои бодови на шведската маса

Македонскиот шампион одново се врати на победничка патека во ЛШ откако вечерва славеше на гостувањето кај Кристијанштад со 30-32 во меч од 13 рунда.

Фото на денот

Ако ЕХФ треба да бира фотографија на годината, еве им ја. Се случи пред салата Јане Сандански во очи на мечот меѓу Вардар и Веспрем. Реткост е ова, особено на наши простори. Браво за фотограф Кочо кој се нашол на право место.

Веспрем го освои Јане Сандански

Ракометарите на Вардар го загубија тешкиот меч против Веспрем, а со тоа и втората позиција во групата за која се води грчевита битка. Штета за поразот, бидејќи момците на Парондо одиграа фантастично прво полувреме во кое се изборија за +5.

Вардар го растури Рајн-Некар среде Мајнхам

И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.

Видео од моментот кога Столе Стоилов стана против двојазичноста

На свечениот собир по повод доделување на наградите за „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за Млади и Спорт, капитенот на ракометниот клуб Вардар демонстративно станал и заминал.

Важна победа на Вардар над Кјелце, Душебаев исвиркан

Ракометарите на Вардар остварија многу важен триумф над големиот ривал Кјелце со 28-27 (14-11) и со два освоени бода се искачија на второто место и обезбедија место во Топ16 фазата.

Вардар се врати од -6 во Белорусија и освои важен бод со Мешков

Ракометарите на Вардар првпат сезонава одиграа нерешено во Лигата на шампионите, откако во 9. коло ремизираа со Мешков во Брест - 31:31.