Таг: реал мадрид

Реал Мадрид ја освои Телеком арената во Скопје

Со головите на Касемиро и Иско, европскиот првак славеше 2:1 против Манчестер Јунајтед и со ова гостување, прво во Македонија го круниса четвртиот трофеј во Супер Купот на Европа. Реал Мадрид беше подобар противник и заслужено стигна до пехарот. Кристијано Роналдо влезе во 82-ра минута.

Како Манчестер го освои првиот Супер Куп против Дарко Панчев

Вечерашните противниците во клупската историја имаат играно неколку натпревари во Супер Купот. „Црвените ѓаволи“ од Манчестер го освоија еднаш а Реал има три трофеи од овој елитен меч.

Роберто Карлос на гости кај Мадридисти од Македонија

Европскиот шампион уште еднаш на дело ја покажа својата величина откако предводен од потпретседателот на клубот и десната рака на Флорентино Перез, Едуардо Фернандез де Блас и легендарниот Роберто Карлос го уприличија коктелот организиран од Пења Мадридиста Македонија.

„Кралевите“ слетаа во Скопје

Во најсилниот состав, со сите ѕвезди меѓу кои и лидерот Кристијано Роналдо кој беше на поштеда но самиот инсистирал да игра утре вечер, европскиот шампион попладнево стигна во Скопје.

Коце ќе навива за подобриот

Градоначалникот на Скопје ги посети фан зоните каде ќе има музичка програма а на прашањето на новинарите за кого ќе навива утре, имаше занимлив одговор.

Фан Клубот на Реал од Македонија спрема изненадување

Едни од најсреќните луѓе од земјава поради Супер Купот се навивачите на Реал Мадрид. Го гледаа и бодреа во Париз, Минхен, Дортмунд, Неапол, Барселона, Милано, Торино и каде уште не, но сега имаат посебна задача: да се покажат како прави домаќини.

Пред хотелот на Манчестер Јунајтед не може да се припари

Иако ѕвездите на Јунајтед сè уште не се пристигнати во Скопје, пред хотелот ТЦЦ Гранд Плаза утрово не можеше да се помине. До селфи или автограм од Жозе Мурињо и неговиот тим изгледа дека тешко ќе се стигне.

Госпоѓа Нада доби карта за Супер Купот

Откако приказната за најголемата македонска навивачка на Манчестер Јунајтед се рашири вчера на интернет, од фудбалската федерација на Македонија доби покана да им биде гостинска на финалето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Добро е, ни работи акалот понекогаш.

Да ѝ најдеме карти на госпоѓа Нада за Супер Купот

Дека лотаријата на УЕФА за доделување карти беше тешка глупост, доказ е тоа што во вторник на Филип Втори ќе има многу луѓе што имале среќа, а не желба и страст за фудбал. Нашата Нада, една од најстрастните навивачки на Манчестер Јунајтед дише со клубот повеќе од Фергусон. Па за нејзе ли да нема карта?

Ај па и во Скопје да играте вака

Барса игра тики-така по земја, а Реал се обидува на прва без да тапне. Крос - Бензема - Марсело - Бензема - Бејл. Така се движеше ова велелепно движење на топката против Манчестер Јунајтед на Интернационалниот Куп во САД:

„Каква Лига на шампиони - денес таму се Гент и ПСВ, дојдете кај нас“

Американската компанија RSE Ventures веќе петта година со голем успех им носи забава на навивачите преку океанот, а на клубовите енормна заработка. Им се врти низ глава да организираат Шампионски Куп само со најбогатите и најголемите.

Најдобри моменти од кариерата на Просинечки

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на ова поднебје, легендарниот ’Жути’ играше во Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо, Севиља, Стандард Лиеж и Портсмут а во кариерата освои 14 трофеи од кои највреден беше оној во Купот на европски шампиони со Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Како тренира Реал Мадрид пред Скопје

Втора сезона по ред, кондиционите тренери на европскиот шампион со помош на уредот под маиците за тренинг, ја мерат работата на срцето и физичката подготвеност на секој играч.

Сисињо, густиот сок и кожната јакна на Бекам

Бразилскиот десен бек беше дел од генерацијата ’Галактикос’ во која играа Фиго, Зидан, Бекам, Роберто Карлос, Роналдо и многу други ѕверки. Во едно гостување на бразилска телевизија Сисињо раскажа за првата средба кога му исфлекал скапоцена кожна јакна на Бекс па морал да се снаоѓа.

Реал го платил 24 милиони, а не знае да жонглира

Новото засилување на Кралскиот клуб за кого се скараа комшиите од Мадрид ја зачуди светската јавност откако на промоцијата каде играчите стандардно покажуваат што знаат со топка, таа од него се одбиваше како од дрво.

Како се скараа комшиите од Мадрид

Реал го прекрши џентлменскиот договор со Атлетико Мадрид да не крадат играчи едни од други откако потпиша со левиот бек Тео Ернандез кој од друга страна не доби никаква шанса на „Калдерон“.

Тајната на головите на Рамос со глава

Ни самиот веќе не знае колку пати го спасил Реал Мадрид од пораз во финишот или колку пати му донел победа кога судијата веќе зема воздух три пати да свирне за крај. Што е финтата?

Вака почна сè

Јули 2009-та: Кристијано Роналдо во Реал Мадрид за рекорден трансфер од 94 милиони евра. Јули 2017-та: Ла Лига (2), Копа дел Реј (2), Супер Куп на Шпанија (1), Лига на шампиони (3), Супер Куп на Европа (1), Светско клупско првенство (2).

Топ 10 фудбалски вести од месец јуни

Ако сте одморале малку од фудбал изминатиот месец или пак сте акале по одмори вон сезона, фрлите едно око на статијатава чисто да бидете во тек што се случуваше. Клаудио Браво ги скроти Европските прваци, Донарума изводи на 18 години, а кај Германците ништо ново.

Ковачиќ и жена му не заборавиле топка на јахта

Фудбалерот кој со Реал Мадрид неодамна стана европски првак, а после тоа и се ожени со девојка му од детството не трга на пат без една работа - фудбалска топка.

Сте виделе ли поскап жив ѕид од овој?

Нихат Кавечи од Реал Сосиедад се мести на слободен удар против Касиљас, а пред него една стара добра дружина составена од: Раул, Фиго, Бекам, Роналдо, Зидан и Елгера. Ги гледаш и ти е глупо да ги погодиш. 

Колку заработува туризмот во Мадрид од Кристијано Роналдо

Ако за Реал Мадрид заминување на Кристијано би била енормна штета на спортски и економски план, уште поголема би била за главниот град на Шпанија кој заработува многу од неговиот профил во туристичкиот сектор.

Хрватските репрезентативци, Мамиќ и Саша Матиќ

Изминатиот викенд фудбалерот на Реал Мадрид, 23-годишниот Матео Ковачиќ во Дубровник направил лускузна свадба, а меѓу гостите бил и Бразилецот Марсело којшто се чудел кога го гледал Мамиќ како игра додека Саша Матиќ му пее.

Легендарниот бек кој има осум деца од седум жени

По многумина најдобриот лев бек во историјата на фудбалот. Човекот кој фудбалот го играше со најголемите величини каков што беше и самиот има неверојатна биографија за која наскоро може да се очекува игран филм.