Марко Кизиќ има само 18 години а веќе најавува за каков талент станува збор. Синоќа на мечот Вардар - Мешков Брест, Кизиќ бранеше 15-ина минути во кои направи шоу после што ЕХФ ја прогласи неговата одбрана за голманска интервенција на колото.
Ние уште на северна не сме се навикнале, а овие од Веспрем каша попара направија на Твитер. Утре ќе барале одмазда, не против македонскиот, не против европскиот, туку против јужно-македонскиот првак. Бришете тоа, да не ви рипнат овие јужно од нас.
Актуелниот европски шампион го одигра можеби најслабиот европски натпревар во клупската историја, откако вечерва изгуби дома од Кил 20-31 пред своја публика.
По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.
Ракометарите на Вардар со триумф ја отворија домашната сезона во Лига на шампиони, откако вечерва во Скопје со 32-27 (14-16) го добија португалскиот шампион.
Македонскиот, регионален и европски шампион Вардар со карактер и авторитет ја стартуваше новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Падна Монпеље, незгодниот француски противник кого го совладаа и ланска сезона во прво коло.
По долги исчекувања, МТВ конечно ја израдува македонската јавност која не ги поседува регионалните спортски канали кои пренесуваа ракометна ЛШ. На отворањето на сезоната, европскиот шампион Вардар му гостува како и лани на француски Монпелје а тој меч ќе оди во директен пренос на МРТ.
Европскиот шампион го претстави својот нов предводник од клупата. Станува збор за шпански тренер кој ќе се обиде да ги повтори епските успеси на неговите сонародници кои ги водеа црвено-црните.
Македонската гордост Вардар направи земјотрес во спортска Европа, откако вторпат во пар години на епски начин стигна до највредниот пехар во клупскиот ракомет. По крајот од финалето со Веспрем, капитенот Стоилов ги поведе соиграчите кај најверните навивачи и со пехарот славеа еуфорично.
Во 57-та минута Барселона водеше 26:25, Мораеш израмни, а по две минути Карачиќ без размислување ја распали и се повреди за прво водство на Вардар. Каталонците не реализираа и потоа Криштопанс зголеми на +2. Барселона имаше задоцнета реакција со гол, на кој одговори „Ил капитано“. Ова ќе останат како епски сцени.
Ако некој во изминативе години знае до максимум да не наполни со адреналин и да ни го качи притисокот тоа е дефинитивно Вардар. Губеа 7 разлика на полувреме од моќната Барселона, но во второ полувреме направија тотално лудачки пресврт и ја повторија историската 2017-та.
Вардаровото лудило во Унгарија го красеа и македонски навивачи кои никогаш не го оставаат тимот сам. Во соблекувалната па играчите ги изненади Страхиња Милиќ кој и покрај тоа што го избркаа од тим, дојде и ги бодреше на лице место. Сменија тренер, си заминаа играчи, останаа без пари и газда, ама срцето на Вардар никој не може да им го земе.
Од бездната до врвот, накратко може да се опише гостувањето на Вардар кај Пик Сегед на реванш мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ одиграа бледи први 30 минути и супер второ полувреме за трет пласман на Ф4!
Не се гледаат и доживуваат овие сцени во секоја европска ракометна метропола. Скопје во Јане Сандански ниту посебен спектакл и жар кој имаме привилегија да го почувствуваме во живо. Синоќа беше посебно емотивен, а тоа го знаеше и ЕХФ.
Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.
Ракометарите на Вардар го совладаа Монпеље, но не го освоија второто место во А групата. Не беше нож до коска да се победи францускиот противник, но ако Веспрем загубеше од Кјелце Црвено црните ќе добиеа малку полесен противник во осминафинале.
Има еден ракометен натпревар од блиско минато кој докажа дека Скопје е ракометен епицентар, ама со екипи кои не се обични учесници во елитата. Има една Барселона, великан во различни спортови која почувствува како е да се губи во домот на мал клуб од Автокоманда со големи муда.
Ракометарите на Вардар го загубија тешкиот меч против Веспрем, а со тоа и втората позиција во групата за која се води грчевита битка. Штета за поразот, бидејќи момците на Парондо одиграа фантастично прво полувреме во кое се изборија за +5.
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.