УЕФА им понуди на клубовите кои ги прекршуваат правилата на финансискиот фер-плеј да прифатат договори за решавање на споровите или да заработат казни. Први на тапет се Манчестер Сити и ПСЖ.
Борусија Дортмунд се наоѓаше на чекор до изненадување против Реал Мадрид, но не успеа да ја надомести негативата од првиот натпревар. Во полуфиналето се пласираше и четата на Мурињо кој го надитри ПСЖ.
Жозе Мурињо нема да треба да стравува од најопасното оружје на Парижаните кој се повреди на првиот дуел, но неговиот тим е под притисок да брка 2:0 за полуфинале. Во уште понезавидна ситуација се „Милионерите“ кои ќе се молат повторно на ланските четири голови на Ледандовски.
Фудбалерите на ПСЖ имаат предност од 3:1 по првиот четвртфинален дуел против Челси и имаат реални шанси да одат понатаму каде ги очекуваат сочни премии.
Фудбалерите на ПСЖ ја добија првата битка против Челси и со солидна предност од 3:1 ќе патуваат на реваншот во Лондон. „Кралевите“ беа уште поубедливи и со 3:0 му се одмаздија на Борусија за ланскиот пораз, со што направија важен исчекор за пласман во полуфиналето.
По синоќешните 1:1 на синоќешните две средби, се очекува голема неизвесност и на другите две четвртфинални двојки од ЛШ. Реал Мадрид има многу причини за да им се одмазди на „Милионерите“, а Мурињо по 10 години се враќа на „Паркот на принцовите“ со истиот тим.
Клубовите од Премиер лигата во однос на заработка се недостижни на светската фудбалска мапа. Во просек една екипа од островот од спонзори и реклами заработува по 35 милиони евра годишно, во Шпанија 20, а во Русија 16,4.
Без изненадување заврши и втората ноќ од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите во која Барселона со гол во судиското продолжение од средбата славеше со 2:1 против Манчестер Сити. Со идентичен резултат заврши и дуелот во Париз.
Германскиот состав кој беше демолиран на домашен терен со 4:0 е речиси надвор од игра за четвртфинале. Многу поголемо внимание предизвикува средбата на „Камп Ноу“ каде „Граѓаните“ ќе се обидат да нападнат како во групната фаза против Баерн.
Лионел Меси го постигна првиот свој гол во Лигата на шампиони на англиско тло и ја предводеше Барселона до голема победа на гостувањето кај Манчестер Сити. ПСЖ полесно од очекувањето го растури Баер Леверкузен.
ПСЖ уште на полувреме има водство на гостувањето кај Баер Леверкузен со 0:3, а Златан Ибрахимовиќ постигна два погодоци од кои вториот со вистински топовски удар за кинење на мрежи.
Фудбалскиот празник во елиминационата фаза од Лигата на шампионите може да започне. Фудбалерите на Манчестер Сити за противник во деби осминафиналниот меч ја добија Барселона, додека Баер Леверкузен ќе се соочи со силниот ПСЖ.
Составот на Лино Червар одигра фантастичен натпревар на тешкото гостување од ЛШ во Париз. Металурзите притиснаа и не се предадоа во вториот дел во кој успеаа да направат и пресврт, но на крајот забележаа достоен пораз од 32:29.
Некогаш нема потреба покрај тебе да има противнички играч за да ја загубиш топката. Доволно е само едно корнер знаменце. Оваа лекција ја научи Даниел Карвахал од Реал Мадрид на пријателскиот натпревар против ПСЖ во Катар кој Шпанците го добија со 1:0.
Актуелниот француски шампион ПСЖ и оваа година се наметнува како главен конкурент за титулата во домашното првенство, а моќта синоќа ја покажа против седум кратниот првак Лион. Парижаните броеа до четири и тоа без ниту еден француски фудбалер во стартниот состав.
Освен тоа што повремено може да добијат ќотек, соиграчите на Златан Ибрахимовиќ може некогаш да добијат и некој подарок. Швеѓанецот на своите колеги од ПСЖ им поделил по еден Xbox со неговиот потпис и нивното име и број.
Не е на одмет малку глупирање и кај фудбалерите кои не можат да се пофалат со многу слободно време за приватен живот. Мобилниот телефон во соблекувалната на ПСЖ си го заборавил Лавеци, но тој потоа го постирал видеото на инстраграм со молба Адриен Рабион, Мај Мори и Мајк Магнан да не бидат отпуштени.
Делириум во салата „Борис Трајковски". Најскапиот состав оваа година во ракометната Лига на шампиони и еден од главните конкуренти за титулата доби шлаканица од македонскиот вицепрвак Металург кој славеше против Парижаните со 28:26.
Францускиот шампион останува голем фаворит за одбрана на титулата, но оваа сезона тие имаат конкуренција од уште еден голем трошаџија. Екипата на Монако со помош на руските милиони, ќе се обиде да им ги замрси сметките на Арапите од Париз.
Многу екипи од најсилните европски лиги ја немаат таа среќа да добијат финансиска инјекција од некој руски или арапски милијардер и да и кажат збогум на кризата. Ова важи особено за италијанските клубови кои кубурат со пари, но видоа бериќет од новите газди на ПСЖ.
Карло Анчелоти направи добар гест и му даде шанса на четвртиот голман на ПСЖ да се појави на теренот за прв пат по три години, но Ронан Ле Кром по само 21 минута доби црвен картон и го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Стотици луѓе се јавиле во канцелариите на англискиот третолигаш Лејтон Ориент затоа што им се слушнало дека последниот натпревар на Дејвид Бекам ќе биде против овој тим, а всушност ПСЖ во последното коло му гостува на Лориен.