Таг: португалија

Најпргавите испади на Рикардо Кварежма

Португалецот важи за еден од најрасипаните фудбалери на денешницата. Скоро да немало натпревар да не удрил лакт, да не влегол со две нозе или отворен ѓон или да не штипнал и плукнал некој. Страшно колку е пргав.

Вилаш-Боаш се откажал од милиони во Кина за да вози рели Дакар

Ако случајно го изгубивте од вид Андре Вилаш-Боаш после Зенит, сигурно претпоставувате дека заработува милиони, дека е добар, и сè му цвета...

На кого сè и како помага Кристијано Роналдо

Кристијано Роналдо вторпат по ред е избран за најдобар играч на светот според ФИФА. Тој им помага на Реал и на Португалија да освојуваат титули, но им помага и на обичните луѓе во светот.

Неверојатните ножички на Кристијано за Португалија

Само две минути му требаа на Роналдо да го отвори резултатот на мечот Португалија - Фарски Острови од квалификациите со страшна ножичка.

Авторитетот на Роналдо во репрезентација

Летна една година откако Португалците, малку изненадувачки, го освоија ЕП 2016. Во финалето го совладаа домаќинот Франција со гол во 109-та минута, а во полуфинале го елиминираа Велс. Во четвртфиналната фаза беа подобри од Полска на пенали. Стрелци на петте гола беа Роналдо, Санчез, Мутињо, Нани и Кварезма, а селектор во изборот на пеналџиите да биде Мутињо, беше Кристијано Роналдо.

Министерство за економија и Бенфика

Португалските клубови умеат да воспитаат и развијат млади играчи кои потоа ги продаваат за големи пари и тоа не е тајна. Но Бенфика направи чудо за 7 месеци со 6 трансфери.

Најдобриот ромски фудбалер кој го пропатува светот

Никогаш не беше меѓу најголемите, но неговата техника и головите не беа ништо помалку спектакуларни од оние на Роналдињо во времето на Барса. Кариерата ја минува во сенка на четирикратниот добитник на „Златна Топка“.

Топ 10 фудбалски вести од месец јуни

Ако сте одморале малку од фудбал изминатиот месец или пак сте акале по одмори вон сезона, фрлите едно око на статијатава чисто да бидете во тек што се случуваше. Клаудио Браво ги скроти Европските прваци, Донарума изводи на 18 години, а кај Германците ништо ново.

Како Европскиот првак изведува слободен удар без Роналдо

Да ги прашаш што им беше намерата нема да знаат да објаснат. И да било индиректен удар греота е вака да го потрошиш, за некои мајстори ова е пола пенал.

Фудбалот добива на прецизност во одлуките

Судиските неправедни одлуки кога се во прашање пеналите, лека полека ќе ги испратиме во историјата. На денешниот меч за трето место на Куп на Конфедерации меѓу Португалија и Мексико, судијата ја употреби новата видео технологија (VAR) и донесе прецизна одлука на која се радува секој што сака да гледа регуларен фудбал. Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино сака да ја воведе оваа технологија и на СП 2018, што би било убаво.

По пожарот во Португалија

Снимка од дрон по гасењето на пожарот во кој загинаа над 60 луѓе а 59 беа повредени. Пожарот започна попладнето во саботата и за кратко време, благодарејќи на температурите кои достигнуваа до 40 степени, успеа да се рашири во околни 3 општини.

Шокантниот пресврт на Португалија над англискиот дрим тим

Во А групата на ЕП 2000, селекцијата на Англија според составот со кој располагаше беше фаворит за освојување на првото место, но на денешен ден пред точно 17 години им се случи дебакл. Со головите на Сколс и Мекманаман имаа 2:0 за 18 минути, а потоа три пати ја вадеа топката од мрежа.

Во откритие на Андре Силва - наследникот на Паулета

21-годишниот Португалец е најозборуваниот фудбалер деновиве, а не случајно новите газди на Милан прифатија за него да избројат 38 милиони евра плус бонуси.

Кој е малиот голман за кој Сити даде 40 милиони евра

Дошол на грандиозниот „Луж“ на 16 години од Бразил и за него немало место во пеколната голманска конкуренција, па го дале на третолигаш. Таму Едерсон покажал зошто ќе биде иден долгогодишен голман на „Кариоките“ и зошто Гвардиола потроши 40 милиони евра на него.

Чекај да видиш како функционира школата на Бенфика

Додека кај нас децата тренираат по суви, тврди и никакви терени и мака мачат со основни средства за игра, некаде во Европа врз нивните врсници се вршат компјутерски мерења околу тоа колку спиеле, кога јаделе, колку истрчале и што можат да пружат. На деца, да.

Не можеш да им угодиш и на Тројанците и на Грците

Емануел Сантош, човекот кој ја вајал бронзената биста на Кристијано Роналдо во неговиот роден град вели дека фудбалерот барал неколку корекции на статуата.

Роналдо доби статуа која баш и не личи на него

Најдобриот фудбалер во историјата на Португалија ги израдува мештаните на градчето Фуншал каде неговата репрезентација ја пречека Шведска во пријателски меч.

Решавачкиот гол од Европско со 64 различни коментатори

Најважниот момент во фудбалот минатата година, голот на Едер во финалето на Европското првенство во Франција беше кулминација во кариерата на многу спортски коментатори. Еве како тоа звучеше на 64 канали. Приказната за Едер тука.

Фудбалски флешбек од 2016-та

Тешко е човек да сумира во едно видео од сè она што се случуваше во фудбалот во изминативе 365 дена. Имаше дриблинзи, финти, голчишта, успеси, плачки, изненадувања, навивачки песни, колку сакаш. 2016-та е година на Португалија која не беше фаворит, но го крена пехарот на ЕП 2016. За жал таа ќе се памети и по една голема трагедија која збриша скоро цел тим.

Што треба да знаете ако го величате Роналдо на кафанска маса

Вечната дебата околу тоа кој е подобар/покорисен/поспретен на моменти изгледа бесмислена и празна. И едниот и другиот играат во иста ера, така што одговорот на дилемите го носат самите учесници во дискусијата. Како љубителите го бранат Португалецот во однос на чудесниот Меси?

Како Кварезма го плаши Кристијано Роналдо

Одговорен за добра атмосфера во репрезентацијата на Португалија очигледно е Рикардо Кварезма. Последна негова „жртва“ беше Кристијано Роналдо во тренинг кампот на репрезентацијата.

Најде ли Португалија добар шпиц првпат после 1971-ва?

Повеќе од четириесет години Португалија чекаше на моментот кога нацијата нема да се моли некој од ѕвездите од средниот ред да распали од далечина и да им ги скрати маките со стерилните напаѓачи. Андре’ Силва им ја враќа надежта.

Војна во португалска спортска емисија

Во ток-шоуто  „Пролонгаменто“ на португалската TVI24 се судрија двајца спортски работници, новинари и автори на неколку спортски биографии. Мануел Серао важи за коментатор на Порто, а Педро Гуера за човек близок до лутиот ривал Бенфика. Целата фрка е околу тоа дали на промоцијата на книгата на Гуера не дошол ниту еден човек од Бенфика.

Како резервниот голман на Мурињо стана познат тренер

Нуњо Еспирито Санто го освои Купот на УЕФА и Лигата на Шампионите без да заигра кај Жозе Мурињо, но како резервен голман корисно го поминувал времето на клупата и сега после Валенсија го води Порто.