Бројка која ја носат најдобрите, капитените и лидерите и која потсетува на Пеле, Марадона, Баџо...На само 10 дена до лудилото во Бразил, ќе ве потсетиме на 10 легенди кои претставуваат поим по бројот 10 на своите репрезентативни дресови.
Додека неговата земја се подготвува за организацијата на Светското првенство, „најдобриот на сите времиња" одговори на Прустовиот прашалник во постојаната рубрика на магазинот Венити Фер.
И двајцата се поранешни светски прваци со своите земји, Марадона еднаш, а Пеле три пати, но тешко е да се каже кој е појак. Кога ФИФА го прогласи најдобриот фудбалер за 20 век наградата отиде кај двајцата, но Марадона не сакаше да ја дели со Пеле.
Жилмар дос Сантос Невес кој беше познат како „голманот на Пеле" и на чии гради плачеше од радост легендарниот напаѓач кој на 17 години го освои првиот Мундијал, беше дел од славната бразилска генерација и победник на две Светски првенства. Почина синоќа на 83 годишна возраст.
Носталгија, пари и желба. Тука некаде треба да се бараат причините за фудбалерите кои откако ќе ги закачат копачките на клинец, не можат да се помират дека им завршил работниот стаж на теренот. Го облекуваат дресот, ја земаат топката в раце и назад на работа.
Новоформираниот американски фудбалски клуб за кој настапуваа многу славни играчи, подзаборави дека во минатото го повлече дресот на легендарниот Бразилец и истото го прави по 36 години.
Протестите во Бразил не престануваат веќе две недели, а анкетите покажуваат дека дури три четвртини од населението ги поддржуваат. Откако легендарниот Пеле порача да се заборават и да се мисли повеќе на фудбалот, му се нафрлија по социјалните мрежи.
Во пресрет на Светското фудбалско првенство наредната година, бразилските легенди прочепкаа по минатото на првиот човек на Фудбалската федерација на Бразил и бараат да си поднесе оставка.
Со два гола во победата над Мајорка, Лионел Меси стигна го бројката од 76 погодоци во календарска година и го подобри успехот на Пеле од 1958-та година. Пред него е само уште Герд Милер со 85 голови.
Бразилската фудбалска легенда повторно сака да е во центарот на вниманието. По кој знае кој пат си се испофали, а не ја пропушти шансата и да го искритикува Марадона, но и Лионел Меси.
На денешен ден во 1971-та година, Бразил остана без еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Пред 150.000 гледачи на стадионот Маракана на натпревар против Југославија, Пеле се збогуваше од репрезентативниот дрес.
Марадона и Пеле немале шанса да се сретнат на теренот, но тие редовно се во конфликт преку медиумите. Аргентинецот сега тврди дека Пеле ги помешал апчињата по неговите изјави во кои се споредува со Бетовен.