31 мај 2009 е истористи датум за Милан, италијанскиот и севкупно светскиот фудбал бидејќи од сцена си замина еден од најјаките дефанзивци во историјата. Се играше Фиорентина - Милан, Паоло излезе од игра, Чезаре успеа да ги задржи солзите, а тој најдобро знае како почна и успеа син му.
Ремито против Баерн Минхен (2:2) и триумфот во Германија го однесоа Реал во финалето на Лигата на шампионите - трето по ред за „Кралскиот клуб“ и 16-то во историјата.
На денешен ден во 1985 година, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња Паоло Малдини дебитирал за Милан. На мечот против Удинезе, 16-годишниот бек влегол како замена после првото полувреме и многу им помагал на големите Гали и Барези во одбраната. За 45 минути поминати на теренот со Паоло во тимот, Милан не примил гол.
И покрај целосниот ремонт на тимот и огромните вложувања, Милан синоќа беше декласиран со 4:1 од Лацио. Ама тоа се случуваше на Олимпико. На Сан Сиро пак Милан држи традиција без пораз од Лацио веќе 28 години. Последниот пат дома од нив загубија на 3 септември 1989-та со еден подзаборавен автогол на легендарниот Паоло Малдини.
Ако Донарума е зелен и не сфаќа што значи лојалност кон еден клуб, може слободно да го преслуша ова кусо видео во кое Сер Алекс Фергусон со една проста реченица кажува зошто морал да заборави на симболот на Милан.
Пред 50.000 навивачи на Сан Сиро, младиот Драган Стојковиќ-Пикси ja зема топката од половина терен и си поигрува со великаните Паоло Малдини, Мауро Тасоти и Франко Барези. Тоа беше првиот дуел од двомечот меѓу Милан и Црвена звезда во Купот на Европски шампиони 1988/99 година. Во Милано заврши 1-1 а во Белград Руд Гулит и Ван Бастен од пораз ги спаси густата магла.
Милан како домаќин против Интер, во недела навечер, на 20 ноември. Така ќе биде викендов, а последен така беше пред 22 години. Дерби со отсуство на неколку ѕвезди во период кога Росонерите доминирале на терен, ама биле во лоша серија.
Еден од најголемите капитени во историјата на фудбалот, Паоло Малдини сè уште не донел конечна одлука дали ќе ја прифати понудата на Кинезите кои го купија Милан, да влезе во спортскиот сектор на тимот кој неколку години не знае каде тера.
Ако треба да бараме листа на најверни играчи кои целата кариера решија да ја посветат во еден ист дрес еве ја. Сите овие играчи се легенди и симболи во клубовите каде настапуваа минимум две децении. Само Тоти од нив е активен и немаше пари кои можеа да ги купат.
Легендарна видео снимка со славниот италијански пејач Џованоти и младиот 22 годишен дефанзивец на Милан, Паоло Малдини за време на Ферагосто, најголемиот празник во Италија, во 4 и кусур сабајле.
Легендата која 902 пати го облече истиот дрес зборува за состојбата во клубот каде мина 25 години. Тој смета дека една од грешките на Милан е што мислеше дека големите играчи ќе може да ги замени со помалку квалитетни и така ќе стигне до нови успеси.
Кога во кариерата ќе немаш ниту една дамка, екцес, намерен фаул, инцидент, скандал, а си одиграл повеќе од 600 меча за клуб и репрезентација, тогаш значи дека си Паоло Малдини. Едноставно единствен.
По случајот Тоти, се сеќаваме на Малдини кој беше исвиркан на прошталниот меч, Занети не го ставија на последното дерби, Дел Пјеро чекаше нов договор, а Реал ги фрли Раул и Касиљас.
Наскоро на дресовите повторно може да читаме Малдини, Клајверт, Беркгамп, Ван дер Сар, но ќе ги носат играчи со други имиња, т.е. наследниците на легендарните фудбалери.
Легендарниот фудбалер кој се пензионираше пред шест години, изјави дека трансфер гуруто во Милан, Адријано Галијани не го разбира фудбалот и дека тој е главен виновник за слабите резултати на тимот.
Франко Барези и Паоло Малдини одиграле заедно 196 натпревари за Милан и примиле само 29 голови додека биле во тандем. Од многу причини не би ги споредувале со денешната одбрана на Милан.
Навивачите на четири големи клубови ова лето плачат. Си заминаа Чави од Барселона, Џерард од Ливерпул, Швајнштајгер од Баерн и Касиљас од Реал Мадрид. Веќе се поретко гледаме луѓе како Малдини, Тоти, Гигс за кои во кариерата постои само еден дрес. Некои се збогуваа и не по своја желба.
На денешен ден пред 14 години, Милан ја оствари една од најголемите победи против градскиот ривал Интер. Со головите на Џани Командини (2), Шевченко (2), Сержињо и Федерико Џунти, Росонерите ги декласираа Нероаѕурите со 6-0.
Интер го повлече дресот со број 4 со кој Хавиер Занети стана рекордер меѓу странците по бројот на настапи во Италија. Скоро сите на оваа листа ќе останат легенди кои заслужија повлекување на нивните дресови.
Многу поранешни играчи се одлучија да ги носат своите синови на фудбал, ама некои од нив останаа малку подолго на терените, како децата на Паоло Малдини, Зинедин Зидан, Ривалдо, Ѓеорге Хаџи и Диего Симеоне.
Легендарниот дефанзивец бил во преговори за местото спортски директор, но по двата разговори со Барбара Берлускони не добил уште еден телефонски повик.