И покрај целосниот ремонт на тимот и огромните вложувања, Милан синоќа беше декласиран со 4:1 од Лацио. Ама тоа се случуваше на Олимпико. На Сан Сиро пак Милан држи традиција без пораз од Лацио веќе 28 години. Последниот пат дома од нив загубија на 3 септември 1989-та со еден подзаборавен автогол на легендарниот Паоло Малдини.