Таг: марио балотели

Предизвик за Балотели

Во дерби натпреварот од полското првенство, меѓу Легија Варшава и Лех Познан (2-2), Бразилецот Доса Жуниор му направи бицепс-предизвик на Супер Марио, кој е познат по ваквите прослави на гол. 

Симболиката со броевите на дресовите

Играчите на времето строго се држеа до броевите од 1 до 11, а сега речиси и да нема фудбалер кој не носел двоцифрен број на грбот. Некој од суеверие, друг од мајтап, трет од почит. Марио останува на 45-та и во Ливерпул.

Сите мајмунлуци на Марио Балотели

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, по Милано, веројатно повторно ќе се врати на Островот. Милан и Ливерпул постигнаа договор за трансфер вреден 20 милиони евра, но се чека уште потврдно „да" од Балотели со што повторно би им отворил работа на таблоидите.

И Балотели се освежи со ладна вода

Бевме на штрек и чекавме само да се појави за да видиме што ќе смисли. Акцијата Ајс Бакет брзо стигна до Европа и до Балотели кој ги номинираше соиграчите Есиен и Мунтари.

Марио не е Супер во дерби пресметките

Во бродот на Милан кој постојано тоне и не може никако да исплива ниту на првите 10 позиции на табелата во Серија А, не функционира ниту најсилното оружје во нападот кој повеќе добива жолти картони, отколку што ги полни мрежите.

Голчиштето на Балотели

Фудбалерите на Милан долго се мачеа да ја совладаат одбраната на Болоња и беа на прагот на уште еден неуспех, но Марио Балотели реши да ја преземе работата во свои раце.

Зошто плачеше Балотели?

Контроверзниот италијански напаѓач доволно е само да прдне и веднаш ќе им ги наполни страниците на весниците и таблоидите кои едвај чекаат нешто такво за на насловна. Марио Балотели синоќа заплака на клупата, но првичните причини за тоа беа фарса.

Како се справија Буфон и Балотели со зомби

Двајцата италијански фудбалери ќе бидат наградени за најпопуларни личности на социјалните мрежи, но за време на снимањето на промотивното видео беа непријатно изненадени.

Балотели: Ова е крај

Напаѓачот на Милан синоќа го промаши вториот пенал во својата кариера и не успеа да му донесе триумф на својот тим, а потоа почна да ги пецка своите фанови утринава на Твитер.

Супер Марио е најпреценет играч во Италија

Во анонимна анкета фудбалерите од Серија А го изгласаа Марио Балотели помеѓу тројцата најпреценети играчи за изминатата сезона.

Меси, Ибра и Роналдо се подобри пеналџии од Балотели

Изведувањето на пенали не е само шутирање со „пуна" каде ти дојде. Тоа е уметност за која фудбалерот треба да поседува вештини. Некои играчи се имаат усовршено во ова, но спротивно од општото мислење, Балотели не е најдобар пеналџија во последно време.

Театарот на Балотели

Фудбалерите на Ајакс се бунеа за пеналот со кој Милан извлече бод, но најверојатно не биле запознаени со правилото дека секое паѓање на Балотели во последните минути автоматски значи пенал.

Балотели утна пенал!

И тоа се случи! Марио Балотели го промаши првиот пенал во својата сениорска кариера. Јунакот кој го одбрани првиот пенал по 20 успешни реализации во серија е Пепе Реина при победата на Наполи на гостувањето кај Милан од 1:2.

Најголемиот мудрец од белата точка

Марио Балотели и понатаму умешно ги мами голманите. Викендов на дуелот од третото коло во Серија А го спаси Милан од пораз дури во 97 минута и стигна до дваесеттиот пенал во низа. Статистиката покажува дека никогаш не ги шутира во средината од голот.

Балотели: Споредбата со Ибра е комплимент за него

По победата од 3:0 во која тој учествуваше со еден погодок и пласманот во Лигата на шампиони, Марио Балотели во негов стил се шегуваше на сметка на Златан Ибрахимовиќ.

„Пијанистот“ Балотели го излажа светот

Видеото на кое Марио Балотели ја свири химната на Италија во присуство на Андреа Пирло, со молскавична брзина се рашири на интернет и стана хит на социјалните мрежи. Жалиме што ќе ве разочараме, но клипот е монтажа.

Балотели и Кавани најдобри во Серија А

Познатиот италијански дневен весник „Кориере дело спорт" направи сублимат од изминатата сезона во италијанскиот фудбалски шампион и ја направи листата со најдобрите 50 фудбалери според оценките кои ги добивале од весникот во текот на целата сезона.

Сопри го Балотели (ако можеш)

Фудбалерите на Малта на секој начин се обидоа да го сопрат Марио Балотели на синоќешниот квалификациски дуел со Италија, но не успеаа во својата намера. Италија победи со 0:2 и тоа со два гола на Балотели.

Голчиштето на Балотели

Фудбалските велесили, Бразил и Италија си ги одмерија силите на пријателски натпревар во Женева. Дуелот на светски шампиони од 2002-та и 2006-та година помина со многу возбудувања, а израмнувачкиот погодок за 2:2 беше дело на Марио Балотели.

Балотели си нарача статуа

Напаѓачот на Милан кој како бодибилдер го прослави голот против Германија на полуфиналниот меч на ЕУРО 2012, одлучи позата да ја искористи за статуа, која ќе биде изработена во природна големина, а тој ќе си ја чува во новиот дом во Бреша.

Непослушниот фудбалер е неприкосновен пеналџија

Иако зад неговото име се поврзани многу контроверзи и често пати влегува во конфликт со тренерите, можеби звучи неверојатно, но Марио Балотели во досегашниот дел од неговата кариера има 100% учинок во ударите од белата точка.

Голот на Берлускони

Марио Балотели официјално станува миланска четириеспетка и ќе заработува 4 милиони годишно. За тоа колку гласови ќе му донесат на Берлускони дваесетте милиони инвестирани во Балотели, пишува нашиот специјален дописник од Италија, Емили.

Балотели изненади на тренинг

Контроверзниот напаѓач на Манчестер Сити вештините за изведување слободни удари очигледно си ги чува само за во потесно друштво. Од прецизноста на тренингот на Манчестер Сити се изненадил и мајсторот за слободни удари Александар Коларов. 

Балотели и Манчини се степаа на тренинг

Пукна тиквата помеѓу Роберто Манчини и Марио Балотели. Тренерот на Манчестер Сити и најпроблематичниот фудбалер имаа жесток дуел на денешниот тренинг.